ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/6 стр. 32
  • „Прогонуван поради својата вера“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Прогонуван поради својата вера“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/6 стр. 32

„Прогонуван поради својата вера“

ВО СПОМЕН на жртвите што настрадале поради кршење на човековите права, во еден локален парк во градот Чернобио во северна Италија бил поставен споменик. Една од спомен-плочите што била откриена е посветена на Нарцисо Риет. Роден во Германија, а по потекло Италијанец, Риет станал Јеховин сведок во 1930-тите. За време на режимот на Хитлер, Јеховините сведоци биле прогонувани затоа што одбиле да го стават Хитлер пред вистинскиот Бог, Јехова.

Откако бил откриен од Гестапо дека е вмешан во внесувањето на примероци од Стражарска кула во концентрационите логори, Риет пребегал во Чернобио. Таму бил замолен да ја преведува Стражарска кула на италијански и да им ги разделува списанијата на соверниците што живееле во околината. Неговите енергични активности не поминале незабележано. Еден СС офицер и неговите луѓе се втурнале во домот на Риет, го уапсиле и ги одзеле доказите за „злосторството“ — две Библии и неколку писма! Риет бил протеран во Германија, затворен во концентрациониот логор Дахау и погубен кратко пред крајот на Втората светска војна. Тој бил „прогонуван поради својата вера“, како што вели спомен-плочата во Чернобио.

Верата на Нарцисо Риет и на стотици други Сведоци кои паднале како жртви на нацистичкото прогонство ги охрабрува денешните христијани да му останат верни на Јехова, единствената личност во универзумот што е достојна да биде обожавана (Откровение 4:11). Исус рекол: „Среќни се оние кои се прогонувани поради праведност“. Бог ќе се сети на нивните дела и ќе ја награди нивната храброст (Матеј 5:10; Евреите 6:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели