ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/8 стр. 32
  • Едно долго патување е наградено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едно долго патување е наградено
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/8 стр. 32

Едно долго патување е наградено

ЕДЕН извештај од Демократска Република Конго ни кажува за две телесни сестри, кои одлучиле да направат едно долго патување низ подрачје зафатено со војна, за да присуствуваат на Обласниот конгрес „Оддајте му слава на Бог“ во Лисала. Покрај тоа што се надевале дека ќе уживаат во духовната поука и дружењето со христијаните на конгресот, тие со нетрпение очекувале да се сретнат и со претставниците од подружницата на Јеховините сведоци во Киншаса. Поради граѓанската војна во земјата, тие со години не виделе никого од подружницата и сакале да ја искористат можноста сега да го направат тоа.

Двете сестри патувале со чамец од издлабено дрвено стебло, тргнувајќи од нивниот град Басанкусу па сѐ до Лисала. Патувањето било долго околу 300 км, низ шума и долж две реки и тоа траело три седмици. Бидејќи и двете се во полновремена служба, едната 3 а другата 19 години, тие ја искористиле приликата да ја шират добрата вест за Царството додека патувале. Поминале околу 110 часови проповедајќи им на оние што ги среќавале, при што дале 200 трактати и 30 списанија.

Низ реката, тие морале да пловат меѓу нилски коњи и крокодили, кои во тој регион се нешто вообичаено. Не можеле да патуваат ноќе — со такви ризици е невозможно да се плови кога ќе се стемни! Исто така поминале низ многу контролни пунктови.

Иако ова патување било долго и заморно, сепак сестрите биле среќни што вложиле таков напор. И двете биле многу благодарни и среќни затоа што присуствувале на конгресот во Лисала. Нивните срца гореле од воодушевеност за вистината и биле охрабрени од дружењето со 7.000 браќа и сестри кои присуствувале таму. По конгресот, тие се соочиле со истите предизвици додека патувале дома, каде што ги дочекале нивните семејства здрави и живи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели