ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/10 стр. 32
  • Дали си „богат пред Бога“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си „богат пред Бога“?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/10 стр. 32

Дали си „богат пред Бога“?

МЕЃУ многуте интересни параболи што ги кажал Исус е и онаа за еден богат земјопоседник. Сакајќи да си ја осигура иднината, земјопоседникот направил планови да изгради поголеми амбари. Сепак, во илустрацијата на Исус, овој човек е наречен ‚безумник‘ (Лука 12:16-21). Неколку преводи на Библијата дури го користат зборот „глупак“. Зошто толку остра осуда?

Очигледно, овој богат човек не го вклучувал Бог во своите планови, ниту, пак, заслугата за плодноста на земјата му ја припишал на Бог (Матеј 5:45). Наместо тоа, се фалел: „Душо, имаш многу добра во резерва за многу години; почивај, јади, пиј, уживај“. Да, тој си замислувал дека плодот на неговиот труд ќе му служи како „висок ѕид“ (Пословици 18:11).

Предупредувајќи колку е штетен таквиот вообразен дух, ученикот Јаков напишал: „Дојдете сега, вие кои велите: ‚Денес или утре ќе отпатуваме во тој град и таму ќе поминеме една година, и ќе тргуваме и ќе оствариме добивка‘, а не знаете каков ќе ви биде животот утре. Зашто вие сте магла која за кратко се појавува, а потоа исчезнува“ (Јаков 4:13, 14).

Како потврда на овие зборови, на богатиот човек во параболата на Исус му било речено: „Безумнику, оваа ноќ ќе ја побараат твојата душа од тебе. Кој тогаш ќе ги има добрата што си ги собрал?“ Како магла што исчезнува, богатиот човек ќе умрел пред да го види исполнувањето на неговите планови. Дали ја сфаќаме поуката? Исус рекол: „Така бидува со оној човек кој си собира благо, а не е богат пред Бога“. Дали си ти „богат пред Бога“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели