Тие им ја пренесуваат добрата вест на глувите
„ТИЕ ЗБОРУВААТ за духовни работи!“ На овој начин, директорот на еден дом за постари лица во Навалкарнеро, (Мадрид, Шпанија) неодамна ја опиша посетата на Јеховините сведоци на овој дом. Што го поттикнало да го каже тоа?
Неколку од станарите во центарот Росас дел Камино се глуви. Меѓутоа, затоа што Сведоците се потрудиле да научат шпански знаковен јазик, тие можат да комуницираат со нив. Директорот ги пофалил Сведоците затоа што бесплатно го понудиле своето време да ги поучуваат за духовни вредности оние на кои што им треба посебна помош за тоа. Тој забележал колку добро влијаело врз станарите тоа што учеле за добрата вест за Царството. А тие — особено оние што не можат добро да гледаат или слушаат — исто така многу ги ценат посетите на Сведоците.
Еулохио, еден од станарите кој е слеп и глув, сега ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Еден ден, додека проучувале, еден постар човек им пристапил и му дал на Сведокот една поема што ја составиле станарите како израз на нивната благодарност. Поемата имала наслов „Да се биде Сведок“. Во еден дел од неа пишувало: „Тие живеат добар, самодисциплиниран живот и од Јехова добиваат мудрост што им носи радост. Тие често одат од куќа до куќа затоа што имаат доверба во Јехова“.
Токму оваа доверба во Јехова натерала многу Сведоци низ целиот свет да го научат знаковниот јазик на глувите луѓе во нивната земја. На овој начин тие им ја пренесуваат на таквите лица охрабрувачката порака на надеж што се наоѓа во Библијата.