Новогодишната елка — руски обичај? Христијански обичај?
„ВО ПОЧЕТОКОТ на 1830-тите, елките се сметале за ‚интересна германска идеја‘. На крајот од таа деценија, ‚станале нешто вообичаено‘ во домовите на санктпетербуршката елита . . . Во 19 век, само свештениците и селаните не го прифатиле обичајот да ставаат елки во своите домови . . .
Пред тоа, елката . . . не била многу омилена. Бидејќи според руската традиција се сметала за симбол на смртта и се поврзувала со ‚подземниот свет‘, и бидејќи традиционално се ставала на покривите на крчмите, елката била во спротивност со промените на ставовите што се појавиле во средината на 19 век . . . Јасно, за да биде прифатен новиот обичај, би требало да се поврзе со Божиќ, како што тоа било случај и со божиќната елка на Запад . . .
Христијанизирањето на елката не одело баш лесно во Русија. Тој наишол на противење од страна на православната црква. За свештенството, новата прослава била ‚демонска работа‘, паганска традиција, која немала никаква врска со раѓањето на Спасителот, а освен тоа, била и традиција од Западот“ (Професор Елена Душечкина, доктор по филолошки науки на Државниот универзитет во Санкт Петербург).
[Извор на слика на страница 32]
Фотографија: Nikolai Rakhmanov