ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/3 стр. 3
  • Смрт — застрашувачка реалност!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Смрт — застрашувачка реалност!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Немој да бидеш амбициозен!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Гордоста го навела Авесалом на бунтовност
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Целосната доверба во Јехова ни влева сигурност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Служи му на Богот кој дава слобода
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/3 стр. 3

Смрт — застрашувачка реалност!

„ОТКАКО ќе се роди човек, смртта постојано му виси над глава“, напишал британскиот историчар Арнолд Тојнби. Тој додал: „И факт е: на крајот, секој човек мора да умре“. Колкава е само тагата кога ќе ни умре некој близок во семејството или некој драг пријател!

Веќе илјадници години смртта претставува застрашувачка реалност за луѓето. Кога ќе ни умре некој од најмилите, се чувствуваме потполно беспомошни. Никој од нас не може да ѝ побегне на смртта — таа нѐ погодува сите. Пред неа стоиме немоќни како мали деца — неспособни да промениме нешто. Ниту богатството ниту моќта не можат да ни ја надоместат загубата на саканото лице. Мудрите и умните немаат одговор. Силните плачат исто како слабите.

Цар Давид од древниот Израел почувствувал ваква силна болка кога загинал син му Авесалом. Штом слушнал за неговата смрт, царот заплакал и повикал: „Сине Авесаломе, сине мој! Сине мој Авесаломе! Ох, да умрев јас место тебе! Авесаломе, сине мој, сине мој!“ (2. Самоил 18:33). Еден моќен цар, кој покорил силни непријатели, не можел да стори ништо друго освен беспомошно да посакува самиот да паднел покосен од ‚последниот непријател‘ на местото на својот син (1. Коринќаните 15:26).

Дали има лек за смртта? Ако има, каква надеж постои за мртвите? Дали некогаш повторно ќе ги видиме нашите најмили што умреле? Следната статија ни ги дава библиските одговори на овие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели