Покана . . .
Дали Бог сѐ уште владее?
ПРИРОДНИ катастрофи, смртоносни болести, корупција на видни личности, терористички напади, војни, криминал. Не поминува ниту еден ден без да слушнеме некоја ваква вест. Без оглед на тоа дали ти лично си засегнат со тие настани или не, сигурно се прашуваш каде оди овој свет и дали некогаш ќе биде подобро.
Како одговор на овие прашања, Јеховините сведоци во преку 200 земји низ целиот свет ќе одржат навремено јавно предавање со наслов „Дали Бог сѐ уште владее?“ Во него ќе се разгледа што вели и што ветува Бог во својата доверлива Реч, Библијата, во врска со следниве важни прашања:
Дали Бог е заинтересиран за она што се случува на Земјата?
Што чувствува за човештвото?
Дали се грижи за тебе лично?
На многу места, говорот ќе се одржи во недела, на 30 април 2006 година во Салата на Царството на Јеховините сведоци. На Сведоците во твојата околина ќе им биде мило да ти ги кажат адресата и терминот.
Срдечно си поканет да присуствуваш на ова охрабрувачко бесплатно предавање на темел на Библијата, што ќе ти даде задоволувачки одговор на прашањето: Дали Бог сѐ уште владее?