ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/4 стр. 32
  • Правото да се има име

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Правото да се има име
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/4 стр. 32

Правото да се има име

СЕКОЈ има право да има име. На Тахити му се дава име дури и на едно напуштено новороденче, на кое не му се знаат таткото и мајката. Името и презимето на напуштеното дете ги одредува матичната служба.

Сепак, постои една личност на која може да се каже дека ѝ е ускратено ова основно право што им е загарантирано скоро на сите луѓе. Интересно е што тој е „Таткото, кому секое семејство на небото и на земјата му го должи своето име“! (Ефешаните 3:14, 15). Чудно, но многу луѓе всушност одбиваат да го користат името на Творецот, коешто е запишано во Библијата. Тие повеќе сакаат да го заменат со титули, како што се: „Бог“, „Господ“ или „Вечниот“. А кое му е името? Тоа прашање е одговорено во книгата на Осија: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“ (Осија 12:5, ПСП).

Во првата половина на 19 век, кога на Тахити пристигнале мисионерите од Лондонското мисионерско друштво, луѓето во Полинезија обожавале неколку богови. Секој од нив имал име, а главните богови биле Оро и Таароа. За да направат разлика меѓу Богот од Библијата и другите богови, овие мисионери воопшто не се двоумеле да го користат Божјето име, кое на тахитски се пишува Iehova.

Ова име станало добро познато и било честопати користено во секојдневните разговори и во писмата. Кралот Помаре II од Тахити, кој владеел во почетокот на 19 век, честопати го користел Божјето име во своите приватни писма. Како доказ за тоа служи писмото што е прикажано овде. Напишано е на англиски и е изложено во Музејот на Тахити и неговите острови. Ова писмо е доказ дека луѓето во тоа време без никакви предрасуди го користеле Божјето име. Освен тоа, Божјето лично име се појавува илјадници пати во првиот превод на Библијата на тахитски, кој е завршен во 1835 година.

[Слика на страница 32]

Кралот Помаре II

[Извор на слика на страница 32]

Кралот и писмото: Collection du Musée de Tahiti et de ses Îles, Punaauia, Tahiti

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели