ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/5 стр. 32
  • Достигни го срцето на детето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Достигни го срцето на детето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/5 стр. 32

Достигни го срцето на детето

ДАЛИ некогаш си се растажил кога си видел како некое дете си игра воени игри? Бидејќи светот на забавата е преполн со насилство, денес е вообичаено дури и најмалите деца да си играат такви игри. Како би му помогнал на некое дете да ги замени воените со мирољубиви игри? Валтраут, долгогодишна мисионерка на Јеховините сведоци во Африка, нашла начин да му помогне на едно дете да го направи тоа.

Поради војна, Валтраут морала да ја напушти земјата во којашто живеела и да се пресели во друга земја во Африка. Таму започнала да ја проучува Библијата со мајката на едно петгодишно дете. Секогаш кога ќе ја посетела мајката, детето си играло со својата единствена играчка — еден мал пластичен пиштол. Валтраут никогаш не го видела детето да нишани во некоја цел, но тоа секогаш си штракало со пиштолот, како да го празни и повторно да го полни со куршуми.

Валтраут му рекла на детето: „Вернер, дали знаеш зошто живеам во вашата земја? Поради војна — морав да ја напуштам мојата земја за да избегам од опасни луѓе што пукаа во другите луѓе со пиштоли што личеа на твојот. Што мислиш, дали тоа што го прават е добро?“

„Не, не е“, одговорил тажно Вернер.

„Во право си“ рекла Валтраут. Потоа го прашала: „Знаеш ли зошто секоја седмица те посетувам тебе и мајка ти? Затоа што Јеховините сведоци сакаат да им помогнат на другите да бидат во мир со Бог и со своите соседи“. Со дозвола на мајката на Вернер, Валтраут му рекла: „Ако ми го дадеш твојот пиштол, ќе го фрлам и ти ветувам дека ќе добиеш камионче со четири тркала“.

Вернер ѝ го дал пластичниот пиштол. Морал да чека четири седмици, но тогаш ја добил својата нова играчка — камионче направено од дрво, кое го прифатил со голема насмевка.

Дали си одвојувате време да разговарате со своите деца, и да се обидете да допрете до нивното срце за да бидат поттикнати да ги исфрлат играчките што личат на оружја за војна? Ако правите така, тогаш ги поучувате за нешто што ќе им користи цел живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели