ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/6 стр. 32
  • Телевизијата — добар бебиситер?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Телевизијата — добар бебиситер?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/6 стр. 32

Телевизијата — добар бебиситер?

ПОНЕКОГАШ е многу згодно да му се препушти на телевизорот да ги забавува децата додека ти средуваш други работи. Но, како може ова да влијае врз децата?

„Емоционалните пораки што се пренесуваат преку телевизискиот екран можат да влијаат дури и на бебињата“, известува The New York Times. Во едно неодамнешно истражување, на едногодишни бебиња им беа прикажувани кратки видеоисечоци, во кои актерката реагираше на различни начини на една играчка. „Кога актерката реагираше како да се плаши од играчката, бебињата не сакаа да си играат со неа, и беа посклони да се вознемират, да се намуртат или да заплачат. Кога актерката реагираше воодушевено на играчката, тогаш и децата повеќе сакаа да си играат со играчката“, пишува Times.

Очигледно, телевизијата може да влијае врз децата. А како таа влијае врз нив долгорочно? Д-р Наоки Катаока, професор по педијатрија на Медицинскиот факултет Кавасаки во градот Курашики (Јапонија), набљудувал голем број деца што се премногу тивки и што покажуваат многу малку изрази на лицето. Сите тие гледале телевизија или филмови подолг временски период. Едно двегодишно детенце не комуницирало со луѓето и не знаело многу зборови. Уште од својата прва година тоа гледало филмови секој ден од утро до вечер. Дури откако мајка му, по совет на докторот, повеќе не му дозволувала да гледа филмови и почнала да си игра со него, детето постепено почнало да учи нови зборови. Да, родителите мораат да се дружат со своите деца.

Јехова Бог, Основачот на семејното уредување, ја истакнал важноста од најдобриот начин на дружење. Уште многу одамна, тој му рекол на својот народ: „Напомнувај им ги [Божјите зборови] на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш“ (Второзаконие 6:7). Родителите, а не телевизијата, можат со збор и со пример најдобро да ги поучат децата и да ги ‚упатуваат по нивниот пат‘ (Пословици 22:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели