ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/8 стр. 2-3
  • Кротките ќе ја наследат Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кротките ќе ја наследат Земјата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Каде се наоѓа рајот што се спомнува во Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Како на небото така и на земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Патот дома до рајот
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/8 стр. 2-3

Кротките ќе ја наследат Земјата

„Мислам дека природата ќе биде променета и обновена... Не утре, туку некогаш во далечната иднина, кога ќе има едно ново небо и нова земја“ (Жан-Мари Пелт, француски специјалист за природната средина).

ВОЗНЕМИРЕНИ од еколошките и општествените услови на Земјата, многумина би сакале да ја видат нашата планета претворена во рај. Сепак, оваа желба не е само сон на 21-от век. Многу одамна, Библијата ветила дека ќе биде обновен Рајот на Земјата. Исусовите изјави „кротките... ќе ја наследат земјата“ и „да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата“, се меѓу најпознатите стихови од Библијата (Матеј 5:5; 6:10, ДХК). Меѓутоа, денес малкумина веруваат дека Земјата ќе стане рај населен со кротки луѓе. За повеќето што тврдат дека се христијани, Рајот е изгубен засекогаш.

Причината зошто мнозина, барем од Католичката црква, веќе не веруваат во некаков рај — било на Земјата или на небото — едно познато француско списание ја објаснува вака: „Откако најмалку 19 векови била главен дел од католичките пасторални учења, [идејата за] рај исчезнала од молитвите, неделните проповеди, теолошките предавања и часовите по веронаука“. Се вели дека самиот збор е обвиткан со „густа магла“ од „мистерија и забуна“. Некои проповедници намерно избегнуваат да го користат, бидејќи тој „премногу асоцира на земна среќа“.

За Фредерик Леноар, социолог чија специјалност е религијата, замислите за рај станале „излитени идеи“. Слично на тоа, Жан Делумо, историчар и автор на неколку книги на таа тема, смета дека исполнувањето на библиските ветувања е пред сѐ симболично. Тој пишува: „На прашањето ‚Што останало од Рајот?‘, христијанската вера сѐ уште го дава следниов одговор: Благодарение на воскресението на Спасителот, еден ден сите ќе ги здружиме рацете и нашите очи ќе го видат исполнувањето на надежта“.

Дали сѐ уште важи пораката дека ќе има рај на Земјата? Што точно ѝ носи иднината на нашата планета? Дали визијата за иднината е нејасна, или, пак, може јасно да се види? Следната статија ќе одговори на овие прашања.

[Извор на слика на страница 2]

COVER: Emma Lee/​Life File/​Getty Images

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели