Може ли судија да прифати укор?
СЛАЃАНА, која е Јеховин сведок од Хрватска, требала да отиде на суд во врска со некои финансиски работи. Таа на време се пријавила кај судијата, но другиот учесник во судскиот случај доцнел. Слаѓана многу сакала да ја искористи таа можност за да ја пренесе добрата вест од Библијата. Па затоа, додека сите чекале, собрала храброст да му се обрати на судијата.
„Господине, дали сте знаеле дека наскоро на Земјата нема да има судии и судници?“ — прашала таа. Се разбира, мислела на судиите како што ги познаваме денес.
Изненаден, судијата само ја погледнал без збор. Во тој момент започнала расправата. Откако завршиле, и Слаѓана станала да потпише некој документ, судијата се наведнал кон неа и со шепот ја прашал: „Дали си сигурна во тоа што ми го кажа, дека наскоро на Земјата нема да има судии и судници?“
„Да, господине. Апсолутно сум сигурна!“ — одговорила Слаѓана.
„Каков доказ имаш за тоа?“ — прашал судијата.
„Доказот е во Библијата“ — одговорила Слаѓана.
Судијата рекол дека би сакал да го види тој доказ, но немал Библија. Затоа, Слаѓана му понудила да му набави една. Сведоците го посетиле судијата, му дале Библија и го поттикнале да ја проучува секоја седмица. Тој ја прифатил понудата и наскоро станал Јеховин сведок.
Во Псалм 2:10 пророчки е напишано: „Затоа, цареви, постапете разборито! Прифатете го укорот, вие судии на земјата!“ Навистина е прекрасно кога таквите понизни лица го прифаќаат Јеховиното водство полно со љубов!
[Слика на страница 32]
Слаѓана со судијата