ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/12 стр. 32
  • Божиќ — ќе се променат ли работите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божиќ — ќе се променат ли работите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/12 стр. 32

Божиќ — ќе се променат ли работите?

ПРЕД десет години, во истиот овој месец, списанието U.S.News & World Report ја објави статијата најавена на насловната страница: „Во потрага по Божиќ“. Таа го разгледуваше прашањето: Дали Божиќ станува „почист, помалку комерцијален“? Па, дали станува таков?

Статијата наведе повеќе причини да не се очекува такво нешто. Во неа се вели: „За славењето на Исусовото раѓање како државен празник немало историски записи сѐ до четвртиот век, кога Константин... бил цар на Рим“. Тоа покажува „барем делумно, дека никој не знаел кога точно се родил Исус“. Истата статија признава дека „во евангелијата не е спомната дури ни годината, а камоли точниот месец или ден“. Според еден историчар од Тексашкиот универзитет, „првите христијани едноставно не биле заинтересирани за славење на раѓањето на Исус Христос“.

Статијата, во делот што носи наслов „Само претпоставка“, зборува за тоа „како црквата дошла до 25 декември“ и признава дека „најприфатено е гледиштето дека празникот бил намерно ‚христијанизирање‘ на празникот Сатурналии и на други пагански прослави“. „Со тоа што одредиле Божиќ да се слави при крајот на декември, кога народот веќе бил навикнат да празнува, водачите на црквата се погрижиле празникот за раѓањето на Спасителот да се слави насекаде.“ Кон средината на 19 век, почнало сѐ повеќе да се нагласува купувањето и давањето подароци. „Со новата традиција да се даваат божиќни подароци одеднаш се отворил ‚златен рудник‘, па трговците и производителите набрзо почнале преку реклами да ги поттикнуваат луѓето да го слават празникот.“

Според тоа, не постои причина да очекуваме дека нешто во врска со Божиќ ќе се промени и дека тој ќе се приближи до првобитното христијанство. Гледаме дека денешниот Божиќ е полн со „нападен комерцијализам“, а факт е дека од вистинските христијани никогаш не се очекувало да го слават раѓањето на Исус. Наместо тоа, Библијата ја нагласува откупнината што ја обезбедил Христос со својата смрт и со воскреснувањето (Матеј 20:28). Тоа засекогаш ќе остане најважно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели