ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/1 стр. 3-4
  • По што го мериш успехот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • По што го мериш успехот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Најди го патот до вистинскиот успех!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како да бидеш успешен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Патот до вистинскиот успех
    Разбудете се! 2014
  • Што е вистински успех?
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/1 стр. 3-4

По што го мериш успехот?

ЏЕСИ ЛИВЕРМОР, според некои, бил најуспешниот трговец на берзата Вол Стрит. Бил познат како човек што знае да донесе мудри одлуки во бизнисот. Така стекнал големо богатство. Носел најквалитетни костуми сошиени по мерка, живеел во раскошна куќа со 29 соби и имал приватен шофер, кој го возел во црн ролс-ројс.

И Давидa бил решен да стане успешен. Како заменик-генерален директор и шеф во една голема графичка фирма, имал многу добри шанси да стане генерален директор на еден сектор на компанијата. Богатството и угледот му биле привлечни. Но, Давид одлучил да даде отказ. Тој вели: „Знам дека никогаш повторно нема да станам добро платен директор“. Дали мислиш дека Давид направил грешка?

Многумина мислат дека успешен е оној што е богат, славен или угледен. Но, и оние што материјално добро стојат можат сепак да чувствуваат празнина во душата и да им недостига смисла во животот. Судејќи по сѐ, тоа било случај и со г. Ливермор. Макар што бил богат, животот му бил полн со горчина, потресни настани и со тага. Страдал од депресија, имал неколку неуспешни бракови и воопшто не бил близок со синовите. Еден ден, откако изгубил голем дел од своето богатство, г. Ливермор седнал во барот на еден луксузен хотел и со жалење размислувал за сѐ што изгубил. Си нарачал пијалак, го извадил својот бележник со кожени корици и ѝ напишал проштално писмо на својата жена. Откако го допил пијалакот, влегол во една полумрачна гардероба и си го одзел животот.

Мора да се признае дека повеќе работи придонеле за тој да се самоубие, но сепак ова искуство ја потврдува вистинитоста на библиските зборови: ‚Оние што решиле да се збогатат... си нанеле многу маки‘ (1. Тимотеј 6:9, 10).

Можно ли е оние што успехот го мерат по богатството, положбата и угледот да користат погрешна мерка? Дали ти се сметаш себеси за успешен? Зошто? По кое мерило го одредуваш тоа? Што влијае врз твоето гледиште за успехот? Во следната статија ќе разгледаме еден проверен совет што им помогнал на милиони поединци да станат успешни. Да видиме како можеш и ти да бидеш успешен.

[Фуснота]

a Името е сменето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели