ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/7 стр. 32
  • Важни поуки за младите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Важни поуки за младите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/7 стр. 32

Важни поуки за младите

ГЛЕДИС работи во едно училиште во Мендоза (Аргентина). Еден ден поминувала покрај една училница и забележала дека учителката им читала на своите ученици од четврто одделение од книгата Моја книга со библиски приказни.a Гледис ѝ се претставила на учителката како Јеховин сведок и ѝ предложила да ѝ покаже како најдобро може да ја користи книгата. Воодушевена од она што ѝ го објаснила Гледис, учителката сакала книгата да биде редовен дел од наставниот план. Но, за тоа требало да добие дозвола од управата на училиштето. На нејзино задоволство, добила дозвола.

Подоцна, во текот на една еднодневна програма во училиштето наменета да ги поттикне учениците да читаат книги, учителката им дала задача на учениците на глас да прочитаат по едно поглавје од книгата пред другите ученици. Поради тоа што оваа програма наишла на добар одѕив, учителката била поканета како гостин на една емисија на локалната телевизија. Кога станало збор за однесувањето на децата во училиште, водителот на емисијата ја прашал: „Како ви успева децата во вашето одделение да бидат мирни на час?“ Учителката кажала дека користи една публикација со наслов Моја книга со библиски приказни. Потоа објаснила дека иако не предава веронаука во одделението, таа книга ѝ помага да всадува во децата морални вредности како што се почитта, толеранцијата, единството, соработката, послушноста и љубовта. Сите се согласиле дека е важно младите да бидат поучени за овие работи.

Дали и ти би сакал да ги всадиш овие вредности во своите деца? Можеш да замолиш некој Јеховин сведок да ти даде примерок од оваа привлечна публикација со наслов Моја книга со библиски приказни.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели