ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/10 стр. 32
  • „Што е вистина?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Што е вистина?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/10 стр. 32

„Што е вистина?“

ОВА прашање подбивно му го поставил на Исус римскиот управител Понтиј Пилат. Тој, всушност, не сакал да го дознае одговорот, па затоа Исус и не му го дал. Можеби Пилат сметал дека и така и така никој не може да ја знае вистината (Јован 18:38).

И многу луѓе денес имаат сличен став кон вистината, а меѓу нив има и верски водачи, педагози и политичари. Тие сметаат дека вистината не е апсолутна, туку релативна, и дека постојано се менува — а тоа особено важи за вистината во однос на моралот и религијата. Со други зборови, сакаат да кажат дека луѓето самите за себеси можат да одредат што е исправно, а што погрешно (Исаија 5:20, 21). Тоа, исто така, им дава за право да ги етикетираат како застарени моралните вредности и мерила што ги имале постарите генерации.

Но, вреди да се обрне внимание на зборовите што го навеле Пилат да го постави тоа прашање. Исус рекол: „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“ (Јован 18:37). За Исус вистината не била нешто кое никој не може да го знае. Тој им ветил на своите ученици: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).

Каде може да се најде таа вистина? Еднаш Исус во молитва му рекол на Бог: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Библијата, која е напишана под вдахновение од Бог, ја открива вистината која дава и сигурно водство и основана надеж дека во иднина ќе живееме вечно (2. Тимотеј 3:15-17).

Пилат не се заинтересирал за вистината, и ја пропуштил можноста да ја дознае. А како е со тебе? Зошто не ги замолиш Јеховините сведоци да ти објаснат каква е таа вистина за која поучувал Исус? Тие со задоволство ќе го сторат тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели