„Ве молам, примете го мојот скромен подарок“
ОВА се зборови од едно писмо што го доби подружницата на Јеховините сведоци во Русија. Со писмото стигна и еден пакет полн со волнени чорапи.
Подарокот го испратила 67-годишната Ала, која е Јеховин сведок од едно собрание на Далечниот Исток во Русија. Ала му служи на Јехова преку 10 години, ревносно проповедајќи за Божјето Царство. Меѓутоа, пред извесно време, таа добила мозочен удар и останала делумно парализирана. Затоа решила, од љубов кон браќата, да го следи примерот на Дорка, христијанка од првиот век, која изработувала облека за соверниците (Дела 9:36, 39).
Ала пишува: „Не можам да ги мрдам нозете, но рацете сѐ уште ми работат. Затоа проповедам преку писма“. Меѓу другото, таа вели: „Решив да го искористам тоа што рацете не ми се фатени и да сплетам неколку пара топли чорапи. Би сакала овие чорапи да ги добијат браќа што работат на изградбата на Сали на Царството во многу студени места, како што е Далечниот Исток [во Русија] и Сибир“.
Исус Христос за своите вистински следбеници рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). По таква љубов, како што покажала Ала, може да се препознаат вистинските христијани.