Дали е можно светот да се обедини?
ДАЛИ овој свет е на прагот на мирот или на работ на пропаста? Изгледа дека има доволно причини да се каже дека и едното и другото е точно.
Од една страна, некои лидери со увереност тврдат дека е можно да се постигне светски мир. Така велат можеби затоа што секој друг исход е толку страшен што не сакаат ни да помислат на тоа. За разлика од нив, други ги фаќа страв од прашањата: Кои земји поседуваат оружје за масовно уништување? Дали ќе се осмелат да го употребат? Што ќе се случи ако го сторат тоа?
Историјата покажува дека предрасудите и борбата за надмоќ отсекогаш ја задушувале секоја надеж дека еден ден светот ќе се обедини. Во конфликтите многу често меша прсти и религијата, која повеќе го разгорува огнот отколку што го гасне. „Иако постојат безброј причини за поделба меѓу луѓето, и секоја од нив може да биде искрата што ќе запали непријателство, религијата е една од најголемите“, пишува новинарот Џејмс А. Хот. Тој, меѓу другото, вели: „Иако најчесто се мисли дека религијата ги прави луѓето ‚подобри‘, очигледно е дека токму таа навела некои поединци да направат ужасни злосторства“. И авторот Стивен Вајнберг има слично мислење. Тој вели: „За да успееш добрите луѓе да ги натераш да направат злодела, потребна ти е религија“.
Има ли надеж дека некогаш светот ќе се обедини? Да, има! Но, тоа нема да го постигнат ниту луѓето ниту религиите што се измислени од луѓе, како што ќе видиме во следната статија.
[Истакната мисла на страница 3]
Дали светот е како граната која може секој миг да експлодира?