ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/9 стр. 32
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Дали дарот на јазици е дел од вистинското христијанство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Зборување јазици — дали е од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали сите чудотворни лекувања се од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/9 стр. 32

Прашања од читателите

Во своето писмо до Евреите, апостол Павле зборувал за ‚полагање раце‘. Дали тоа се однесувало на именувањето старешини или на нешто друго? (Евр. 6:2).

Нема причина да бидеме догматични, но веројатно Павле во овој случај зборувал за полагањето раце со кое се пренесувале дарови на духот.

Точно е дека на некои места во Библијата полагањето раце е поврзано со теократски именувања. На пример, Мојсеј ‚ја положил раката врз‘ Исус Навин кога го именувал за свој наследник (5. Мој. 34:9). И во христијанското собрание, некои мажи што ги исполнувале условите биле именувани со полагање раце (Дела 6:6; 1. Тим. 4:14). Павле исто така дал совет да не се полагаат раце пребрзо врз никого (1. Тим. 5:22).

Сепак, овој апостол ги поттикнал еврејските христијани да ‚напредуваат кон зрелост‘ откако го оставиле ‚основното учење‘ во кое, како што навел, спаѓаат „покајанието од мртви дела и верата во Бог, учењето за крштавања [и] полагањето раце“ (Евр. 6:1, 2). Дали именувањето старешини би можело да се смета за основна работа од која христијаните треба и понатаму да напредуваат? Не. Всушност, веќе зрелите браќа се тие што треба да си постават цел да станат собраниски старешини и да ја ценат таа одговорност (1. Тим. 3:1).

Но, полагањето раце се користело и за друга цел. Во првиот век, Јехова ги отфрлил родените Израелци како свој народ и ги заменил со духовниот Израел, односно со собранието од помазани христијани (Мат. 21:43; Дела 15:14; Гал. 6:16). За да биде очигледно дека настапила ваква промена, биле дадени чудесните дарови на духот, како што било зборувањето на различни јазици (1. Кор. 12:4-11). Кога станале верници, Корнелиј и неговите домашни го примиле светиот дух, и тоа јасно можело да се види кога почнале да „зборуваат на разни јазици“ (Дела 10:44-46).

Понекогаш чудотворните дарови биле пренесувани со полагање раце. Кога Филип ја раширил добрата вест во Самарија, мнозина се крстиле. Тогаш водечкото тело ги испратило таму апостолите Петар и Јован. Зошто? Читаме: „[Тие двајца] полагаа раце врз нив и тие [новокрстени] примаа свет дух“. Ова сигурно значело дека ги примиле даровите на духот, односно способности што можеле да се видат. Тоа го знаеме затоа што Симон, кој порано се занимавал со гатање, видел дека духот дејствува на ваков начин и алчно се обидел да ја купи способноста да полага раце врз други за да им дава свет дух што ќе ги оспособи тие луѓе да прават чуда (Дела 8:5-20). Подоцна во Ефес се крстиле 12 лица. Читаме: „Кога Павле ги положи рацете врз нив, светиот дух дојде на нив, па почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат“ (Дела 19:1-7; спореди 2. Тимотеј 1:6).

Според тоа, во Евреите 6:2, Павле очигледно зборувал за полагање раце со кое се пренесувале даровите на духот врз новите верници.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели