ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Твојот брак нека биде „трикратно јаже“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали течно зборуваш на ‚чистиот јазик‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Како можеш течно да зборуваш на ‚чистиот јазик‘, односно да им ја кажуваш на другите вистината за Бог и за неговите намери? (Соф. 3:9)

Исто како што е случај и со дословниот јазик, за течно да зборуваме на ‚чистиот јазик‘, треба да слушаме внимателно, да учиме од оние што добро го зборуваат, да ги научиме напамет имињата на библиските книги и некои библиски стихови, да го повторуваме она што го учиме, да читаме на глас, да ја анализираме граматиката или образецот на вистината, да продолжиме да напредуваме, да определиме кога точно ќе проучуваме и да се трудиме да зборуваме на тој јазик (15.8., страници 21-25).

• Што треба да знаеме за да го познаваме Бог?

„Јехова е неговото име“, и тој сака да го знаеме тоа (2. Мој. 15:3). Тој е „Богот на љубовта и на мирот“ (2. Кор. 13:11). Тој е „Бог кој знае сѐ“ и ‚Богот на спасението‘ (1. Сам. 2:3; Пс. 25:5). Бог ќе им се приближи на оние што го познаваат како таков (1.9., страници 4-7).

• Во која смисла бракот е како „трикратно јаже“?

Изразот „трикратно јаже“ е симболичен (Проп. 4:12). Кога се однесува на бракот, тој ја пренесува мислата дека мажот и жената, кои се првите два струка од јажето, се испреплетени со главниот струк, односно со Бог. Ако се обединети со Бог, брачните другари ќе имаат духовна сила да се справат со проблемите и ќе бидат среќни (15.9., страница 16).

• На што се однесува „полагањето раце“ кое е спомнато во Евреите 6:2?

Веројатно се однесува на полагањето раце со кое се пренесувале чудесните дарови на светиот дух, а не на именувањето христијански старешини (Дела 8:14-17; 19:6; 15.9., страница 32).

• Кои потреби кај своите деца ги гледа еден добар татко?

Меѓу другото, на децата им се потребни: 1) татковска љубов, 2) добар пример, 3) да се чувствуваат среќни, 4) поука за духовни работи, 5) укор и казна и 6) заштита (1.10., страници 18-21).

• Како оние што предводат можат да им покажуваат почит на другите?

Една работа што може да ја направи старешината е никогаш да не бара од другите да прават нешто кое самиот тој не би го направил. Освен тоа, тој искажува почит и со тоа што ќе им објасни зошто бара нешто од нив или зошто дава некои упатства (15.10., страница 22).

• Кои работи можат да им помогнат на сопружниците да останат меѓусебно приврзани?

Две работи се: 1) дај му приоритет на бракот и 2) немој на никаков начин да го изневеруваш брачниот другар. Без оглед дали твојот брак е стабилен или е во криза, твојот сопружник треба да знае дека со сите сили се трудиш вашиот брак да биде успешен. Овие две работи ќе ви помогнат во тоа (1.11., страници 18-21).

• Што може да научи еден христијански старешина од начинот на кој пастирите во Израел се служеле со долг стап свиткан при врвот?

Пастирите користеле долг стап, свиткан при врвот, за да го водат стадото. Кога влегувале или излегувале од трлото, овците ‚поминувале под овчарскиот стап‘, и така тој ги броел (3. Мој. 27:32). И еден христијански пастир треба да го познава Божјето стадо кое му е доверено и да води сметка за него (15.11., страница 9).

• Како може една мајка да покаже дека ѝ е важна чистотата?

Храната може да се загади на различни начини, па затоа таа ја покрива и си ги мие рацете пред да ја фати. Ја одржува куќата чиста за да нема проблеми со стаорци, глувци и инсекти. Друг начин да се одржува чистотата е да се пере облеката и сите членови на семејството редовно да се мијат и да се тушираат. Сето ова е во склад со Библијата (1.12., страници 9-11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели