ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/6 стр. 2-4
  • Што е крајна сиромаштија?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е крајна сиромаштија?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Ја избрав најдобрата кариера
    Разбудете се! 2007
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Обиди за крај на сиромаштијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Што треба да знаеш за маларијата
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/6 стр. 2-4

Што е крајна сиромаштија?

КРАЈНАТА сиромаштија го загрозува животот на човекот. Да се биде крајно сиромашен значи да се нема доволно храна, вода, струја, како ни пристоен дом, здравствена нега и образование. Во таква тешка сиромаштија живеат една милијарда луѓе, отприлика колку вкупниот број жители на двете Америки. Сепак, многумина во земјите на Западна Европа и Северна Америка никогаш не сретнале некој што е толку сиромашен. Да запознаеме неколку такви луѓе.

Мбарушимана живее во Руанда (Африка) со својата жена и петте деца. Шестото дете им умрело од маларија. Тој раскажува: „Татко ми мораше да ни ја подели земјата на шест дела. Мене ми припадна толку мал дел што морав, заедно со семејството, да се преселам во еден град. За да заработиме некоја пара, јас и жена ми пренесуваме вреќи со камења и песок. Немаме прозорци во куќата. Полниме вода од бунарот кај полициската станица. Обично јадеме еднаш во денот, а кога нема работа, цел ден остануваме гладни. Тогаш излегувам од дома затоа што не можам да ги слушам децата како плачат од глад“.

Виктор и Кармен се кондураџии во едно зафрлено гратче во Боливија. Со своите пет деца живеат под кирија во една соба што се наоѓа во една трошна зграда направена од плитар, без струја и со лимен покрив што протекува. Училиштето е толку преполно со ученици што Виктор морал сам да направи клупа за да може ќерка му да ја следи наставата. Со жена му пешачат 10 километри за да насечат дрва кои ги користат за да готват и да ја превриваат водата. „Немаме тоалет“, вели Кармен. „Затоа мораме да одиме по нужда кај реката, која се користи и за капење и за фрлање отпадоци. Децата често се разболуваат“.

Франсиско и Илидија живеат во едно село во Мозамбик. Имале пет деца, но едното од нив умрело од маларија бидејќи во болницата не го примиле на лекување. На својата мала нива тие садат ориз и компири, со кои можат да се прехранат само три месеци. Франсиско вели: „Понекогаш нема доволно дождови или крадците ни го крадат родот, па затоа мора да заработувам сечејќи и продавајќи бамбусови летвички. Исто така, одиме два часа пеш до шумата за да собереме дрва. Секој од нас носи по еден нарамник — едниот го користиме за да палиме оган за готвење, а другиот за да го продадеме“.

Мнозина сметаат дека е многу погрешно и сосема неправедно тоа што секој седми човек во светот живее како Мбарушимана, Виктор и Франсиско, додека милијарди други живеат во изобилство и раскош. Некои луѓе се обиделе да направат нешто во врска со тоа. Во следната статија ќе разгледаме некои нивни обиди и надежи.

[Слика на страници 2 и 3]

Кармен и две нејзини деца носат вода од реката

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели