ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/8 стр. 23
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Прогонителот гледа голема светлина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Савле со старите пријатели и со некогашните непријатели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • За собранието „настапи време на мир“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Исус го избрал Савле
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/8 стр. 23

Дали сте знаеле?

Што мислел Исус кога му рекол на Савле: „Тешко ти е да му се противиш на остенот“? (Дела 26:14).

▪ Во библиски времиња, земјоделците користеле остени за да ги тераат запрежните животни додека орале. Остенот бил стап долг околу 2,5 метри, кој на едниот крај имал остар метален врв. Ако животното упорно се туркало кон остенот, ќе се повредело. На другиот крај честопати имало сечило како длето, со кое се отстранувала нечистотијата, калта или тревите што ќе се заглавеле на плугот.

Понекогаш остенот служел и како оружје. Израелскиот судија и воин Самегар убил 600 Филистејци „со остен за говеда“ (Судиите 3:31).

Во Библијата се спомнува овој предмет и во симболична смисла. На пример, цар Соломон напишал дека зборовите на мудриот можат да бидат „како остени“, кои го насочуваат пријателот да донесе исправна одлука (Проповедник 12:11).

Откако воскреснал, и Исус кажал една слична споредба. Го советувал Савле, кој ги прогонувал христијаните, да престане ‚да му се противи на остенот‘. Овој израз ни создава слика на тврдоглаво животно што се боцкало од остенот на својот сопственик. Савле постапил мудро, го послушал советот на Исус и се променил. Подоцна станал апостол Павле.

Како Евреите во првиот век го мереле времето ноќе?

▪ Евреите што живееле во првиот век од н.е. користеле сончев часовник за да го мерат времето преку ден кога немало облаци. Меѓутоа, кога облаците ќе го скриеле сонцето или кога ќе се стемнело, тие користеле клепсидра, односно воден часовник. Освен Евреите, вакви часовници користеле и Египќаните, Персијците, Грците и Римјаните.

Според една еврејска енциклопедија, и во Мишната и во Талмудот се спомнува овој часовник „со различни имиња, можеби за да се направи разлика помеѓу разните форми и изглед. Сепак, сите тие имиња означувале едно исто, имено, бавно истекување — буквално крадење на водата, капка по капка. Тоа е, всушност, значењето на зборот ‚клепсидра‘ на грчки јазик“ (The Jewish Encyclopedia).

На кој принцип работел водениот часовник? Водата истекувала од еден во друг сад преку едно мало дупче на дното. Набљудувачот можел да го мери времето на тој начин што ќе го забележел нивото на водата во горниот или во долниот сад. На двата сада можеле да се означат мерни степени.

Во римските воени логори се користеле вакви часовници за одредување на ноќните стражи. Менувањето на стражата се означувало со звук на труба. Секој што се наоѓал на растојание од кое можел да ја чуе трубата, знаел кога почнувала и кога завршувала секоја од четирите ноќни стражи (Марко 13:35).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели