ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 2 стр. 3-4
  • Неспоредлив дар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неспоредлив дар
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Сличен материјал
  • Најголемиот дар од Бог — зошто е толку вреден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Кој е најдобриот подарок?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Исус Христос — неговата порака и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Откупнината — најголемиот дар од Бог
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 2 стр. 3-4
Постар човек му подарува мало бротче на едно дете

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЌЕ ГО ПРИФАТИШ ЛИ НАЈГОЛЕМИОТ ДАР ОД БОГ?

Неспоредлив дар

БРОТЧЕТО што го држи Џордан можеби и нема некоја вредност. Но, за него е бесценето. Тој вели: „Расел, кој ни беше куќен пријател, ми го подари кога бев многу мал“. После смртта на Расел, Џордан дознал колку овој човек направил за дедо му и за неговите родители и дека ги тешел во тешки моменти. „Откога ги дознав овие работи за Расел, овој мал подарок доби многу поголема вредност.“

Овој пример покажува дека за некого, еден подарок може да нема некоја посебна вредност. Но за оној што го добил, може да биде бесценет. Библијата зборува за еден бесценет дар. Во неа пишува: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

Замисли, подарок што може да значи вечен живот за оној што ќе го прифати! Зар постои поголем подарок? За некои, тој нема никаква вредност, но за вистинските христијани е драгоцен (Псалм 49:8; 1. Петрово 1:18, 19). Но, зошто Бог го дал животот на својот Син како подарок за човештвото?

Одговорот го наоѓаме во следниве зборови на апостол Павле: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе“ (Римјаните 5:12). Првиот човек, Адам, згрешил така што свесно не го послушал Бог. Како резултат на тоа, бил казнет со смрт. Преку Адам, смрт наследиле сите негови потомци — целото човештво.

„Платата за гревот е смрт, а дарот што го дава Бог е вечен живот преку Христос Исус, нашиот Господар“ (Римјаните 6:23). За да го ослободи човештвото од ропството на смртта, Бог го испратил на Земјата неговиот Син, Исус Христос, за да го жртвува својот совршен живот за луѓето. На темел на оваа жртва што служи како откупнина, сите што имаат вера во Исус ќе добијат вечен живот (Римјаните 3:24).

Во врска со благословите што Бог ни ги дава преку Исус Христос, апостол Павле рекол: „Му благодариме на Бог за неговиот неопислив дар!“ (2. Коринќаните 9:15). Откупнината е толку голем дар што не може потполно да се опише. Но, зошто може да се каже дека од сите Божји дарови, овој дар е најголем? По што се издвојува?a Како можеме да покажеме благодарност? Во следните две статии ќе дознаеш каков одговор дава Библијата на овие прашања.

a Исус спремно го дал животот за нас (1. Јованово 3:16). Но, бидејќи оваа жртва е дел од Божјата намера, во овие статии ќе се зборува повеќе за тоа што направил Бог за да ни го даде овој дар.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели