Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Било која книга од 192 страници издадена 1983 или порано. Ако собранието нема на залиха такви книги, треба да се нуди книгата Вистински мир и безбедност — Откаде?, која може да се нарача од Бетелот. Февруари: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! Април и мај: Претплата на Стражарска кула. ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата кои сѐ уште не ја порачале горната акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна Нарачка (S-14).
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 7. март, новото јавно предавање на покраинскиот надгледник ќе биде: „Да се гледа на младите од Јеховино стојалиште“.
◼ Посебното јавно предавање за периодот на Спомен-свеченоста 1993 ќе биде одржано ширум светот во недела, 28. март. Темата на предавањето ќе биде „,Божјите дела‘ — Како гледаш на нив?“ Ќе биде испратен говорниот план. Оние собранија кои во таа седмица имаат посета на покраински надгледник, Покраински состанок или Ден на посебен состанок, предавањето ќе го имаат во наредната седмица. Ниту едно собрание не треба да го одржи говорот пред 28. март.
◼ Почнувајќи од 1. јануари 1993, ќе биде достапно месечно издание на Стражарска кула на литвански јазик, со што бројот на јазиците на кои излегува списанието ќе порасне на 112. Исто така од јануари Стражарска кула на јазикот телугу ќе стане полумесечна публикација.