Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! Април и мај: Претплата на Стражарска кула. ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата кои сѐ уште не ја порачале горната акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна Нарачка (S-14).
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некој има потешкотија да ја исполни квотата на часови, старешините треба да уредат да му се пружи поддршка. За предлози, повторно да се разгледаат писмата од Заедницата (S-201) од 1. октомври 1992 и од 1. октомври 1991. Исто така, види ги пасусите 12-20 во додатокот на Наша служба на Царството од август 1986.
◼ Спомен-свеченоста ќе се одржи во вторник, 6. април 1993. Иако говорот може да започне порано, молиме запомнете дека пронесувањето на лебот и на виното на Споменот не треба да почне пред Сонцето да зајде. Проверете кога заоѓа Сонцето во вашиот крај. На тој датум не треба да се одржува никаков друг состанок освен состанок за служба на проповедање. Ако твоето собрание обично има состаноци во вторник, можеби ќе сакате да го одржите во друго време таа седмица ако Царската сала е слободна. Ако Службениот состанок не може да се одржи, можеби некои делови од него кои биле планирани за таа седмица, а кои се посебно прикладни за вашето собрание, ќе можат да се приклучат кон друг Службен состанок. Собранијата кои имаат посета на покраински надгледник треба да ги закажат за друго време состаноците кои обично се одржуваат во вторник навечер.
◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во март и април, треба да направат планови сега и да ги предадат своите молби што порано. Ова ќе им помогне на старешините да ги направат неопходните состаноци за служба и да имаат доволно литература на располагање.
◼ Собранијата можат да почнат да ја нарачуваат видеокасетата Јеховини сведоци — организација зад името на хрватски јазик. Ознаката за нарачка е vcjw-C.