Писмено повторување во Теократската школа на проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа на проповедање во седмиците од 4. јануари до 19. април 1993. Употреби посебен лист за запишување на онолку прашања колку што ти е можно во зададеното време.
(Забелешка: Во текот на писменото повторување при одговарањето на прашањата можеш да се служиш само со Библијата. Упатствата во заградите служат за лично истражување.)
Означи дали следните наводи се точни или неточни:
1. При водење на библиска студија, понекогаш може да биде подобро да не одговориме веднаш на сите поставени прашања, туку да оставиме некои за друга прилика [sg стр. 90, пас. 14].
2. Една од главните цели на Теократска школа на проповедање е да ни помогне да станеме поделотворни во службата на проповедање [sg стр. 92, пас. 1].
3. Во Теократската школа на проповедање, точките за кои треба да се даде совет секогаш ќе бидат оние на кои ученикот однапред бил известен дека треба да работи на нив [sg стр. 97, пас. 7].
4. Досега археологијата не дала никаква поддршка на 3. Царства [si стр. 64, пас. 4].
5. He е доволно советодавачот само да му каже на говорникот дека добро го изнел говорот или дека треба уште да работи на одредени говорнички особини [sg стр. 99, пас. 15].
6. Честа слабост при давањето сведоштво од врата до врата е предолгиот увод, па станарот се прашува кога Сведокот ќе премине на главното [sg стр. 111, пас. 14].
7. Ако собранието има уреди за озвучување, тогаш не е потребно ученикот–говорник да се советува за јачината на гласот [sg стр. 113, пас. 6].
8. Кога ученикот држи говор, паузите се толку важни што се предлага говорникот дури да ги назначи местата во својот манускрипт или во говорниот нацрт каде што посебно сака да направи пауза [sg стр. 116, пас. 20, 23].
9. Претскажувањето на спиритистичкиот медиум во Ендора не се исполнило во ниту еден поглед (1. Царства 28:19) [седмично читање на Библијата; види го wSB 6/79 стр. 4].
10. Искуството на Давид и Вирсавија треба да им нагласи на родителите дека нивното однесување може многу да се одрази на нивните деца (2. Царства 12:13, 14) [седмично читање на Библијата; види w86 15/3 стр. 31].
Одговори на следните прашања:
11. Во што промашиле Елиј и Саул? [si стр. 57, пас. 27].
12. Кога пишуваш писма, како можеш да покажеш интерес за оној на кого му пишуваш? [sg стр. 85, пас. 13].
13. Како можеме делотворно да ги упатиме нашите слушатели на Библијата кога држиме говор? [sg стр. 118, пас. 3].
14. Што е мислено во 2. Царства 18:8, која гласи: „Гората погуби повеќе народ, отколку што се истреби со мечот во тој ден“? [седмично читање на Библијата; види w87 15/3 стр. 31]
15. Кој го натерал Давид да ги преброи Израелците? (2. Цар. 24:1) [седмично читање на Библијата; види го w92 15/7 стр. 5]
16. Зошто Соломон во 1. Царства 8:12 изјавил: „Господ рекол дека ќе живее во мрак“? [седмично читање на Библијата; види го w79 15/7 стр. 31]
17. Како се покажало дека во наше време ќе има луѓе слични на царицата од Саба? (3. Цар. 10:4, 7) [седмично читање на Библијата; види su-ЅВ стр. 149, пас 8].
18. Кој археолошки доказ го поддржува извештајот од 3. Царства 14:25, 26? [седмично читање на Библијата; види ce-С стр. 212, пас. 31].
19. Што значи 3. Царства 15:14 кога вели дека ,Аса не ги урнал идолските светилишта [високите места, NW]‘? [седмично читање на Библијата; види w80 1/12 стр. 28, фуснота].
Впиши што недостасува во следните изјави:
20. Кога пишуваш писмо за да дадеш сведоштво, секогаш наведи ја ․․․․․․․ од другата страна на пликот [sg стр. 83, 84, пас. 7, 8].
21. За да се избегнат лични нагаѓања кога подготвуваме некој говор, треба да ги користиме ․․․․․․․ и да се потпираме на нив [sg стр. 107, пас. 13].
22. За да се достигне целта на еден говор, не треба да се употребува повеќе материјал отколку ․․․․․․․ [sg стр. 108, пас. 19].
23. Кога 1. Царства 25:37 вели дека Наваловото ,срце почнало да умира во него‘ (NW), тоа значи дека тој очигледно доживеал ․․․․․․․ [седмично читање на Библијата; види и w80 15/6 стр. 30].
24. Сојузот опишан во 2. Царства 7:12, 13 [седмично читање на Библијата; види w89 7/89 стр. 16, 17].
Пронајди го точниот одговор во следните изјави:
25. Јеремија очигледно го завршил запишувањето на 3. Царства во (1040; 607; 580) пр.н.е. [si стр. 64].
26. Втора книга царства (2. Самоилова) го опфаќа периодот отприлика помеѓу (1180-1078; 1077 – околу 1040; 1040-911) пр.н.е. [si стр. 59, пас. 3].
27. Мора да се внимава во уводот да се употреби само (она што ги интересира слушателите; она што те воодушевува; она што придонесува за твојата цел на говорењето) [sg стр. 110, пас. 8].
28. Денес, современите потомци на Рефаим се (диктаторските владетели; свештенството; Обединетите нации) (2. Цар. 21:20) [седмично читање на Библијата; види го w 6/89 стр. 29, пас. 8].
29. Според 3. Царства 6:1, Соломон почнал да го гради храмот во (1037; 1034; 1020) пр.н.е. [седмично читање на Библијата; види si стр. 285, пас. 8].
30. Во 3. Царства 18:21-40, вистинското спорно прашање било кој бог (има најмногу поклоници; има поддршка од вишите власти; треба да се служи) [седмично читање на Библијата; види w84 15/7 стр. 8-9].
Стави ги следните библиски стихови зад соодветните наводи:
2. Цар. 1:26; 6:6, 7; 13:14, 15; 3. Цар. 1:1; Евр. 10:23-25
31. Секој од нас има лична одговорност да коментира на состаноците [sg стр. 88, пас. 7].
32. Добрите намери не ги менуваат Божјите барања [si стр. 63, пас. 30].
33. Помеѓу ,другите овци‘ и остатокот постои ненадминлива врска на единство полно со љубов (Јован 10:16) [седмично читање на Библијата; види w 7/89 стр. 9-10].
34. Самото тоа што младичот покажува страствена љубов кон некоја девојка и настојува да има односи со неа, не мора да значи дека тој искрено ја сака [седмично читање на Библијата; види yy стр. 140, пас. 22].
35. He е невообичаено тоа што на постарите луѓе им е тешко да се стоплат [седмично читање на Библијата; види и g82 8/6 стр. 22].