ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/93 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1993
Нашата служба за Царството 1993
km 9/93 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература во септември: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Октомври: Стражарска кула и Разбудете се! Претплати може да се нудат на повторни посети. Ноември: Библија и книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. НАПОМЕНА: Собранијата на кои им треба гореспоменатата акциска литература треба да ја нарачаат на својата следна месечна Нарачка (S-14). Молиме нарачајте го потребниот број додатни списанија за растурање во октомври.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кого тој го одредил, треба да ги прегледа собраниските сметки до 1. септември или колку што е можно побрзо после тоа. Известете го собранието штом тоа ќе биде направено.

◼ Почнувајќи од 8. ноември 1993, па сѐ до 2. мај 1994, на Собраниска студија на книга ќе се разгледува книгата Породични живот учинити срећним.

◼ Оваа пролет исклучително многу луѓе ги посетија покраинските состаноци и деновите на посебен состанок кои се одржаа на хрватски и српски јазик во Австрија, Германија, Швајцарија и Шведска. Во Австрија беа 1.267 (34); во Германија: покраина 031 — 1.555 (26), покраина 032 — 1.192 (25), покраина 033 — 931 (36); во Шведска 662 (12). Во заградите е бројот на крстените.

◼ Важно е групите од 30 или повеќе лица кои планираат да го посетат Бетелот, прво написмено да се пријават во Заедницата. Молиме во писмото да дадете информации во врска со бројот на оние кои доаѓаат, како и за датумот и времето.

◼ Објавителите кои планираат да бидат помошни пионери во октомври треба да ги предадат своите молби порано. Тоа ќе овозможи старешините да ги направат неопходните подготовки за литература и подрачја.

◼ Се потсетуваат старешините темелно да ги следат упатствата што се дадени на страници 21-23 во Стражарска кула од 15.4.1991, во врска со сите исклучени или самоисклучени лица кои можеби би сакале да бидат повторно примени.

◼ Браќата на подрачјето на Босна и Херцеговина се многу ревни и покрај војната. Иако им е тешко да служат под такви околности, сепак, на пр., само собранието Зеница има 42 објавитела кои водат 58 библ. студии и без пионерите имаат просек во служба од 34 часа месечно. Шест објавитела служеле во помошна пионерска служба.

◼ Заедницата сега произведува англиски повези на Стражарска кула од 1970 до 1979 година, како артикли на постојана залиха. Секој што е заинтересиран да добие од овие повези треба да ги нарача преку собранието. Ве молиме, имајте на ум дека повезите се артикли за посебна нарачка.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели