Да покажуваме непристрасност во нашата служба
1 „Бог не е пристрасен“ (НС), изјавил Петар, туку „кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е“ (Дела 10:34, 35). Нашата денешна служба се спроведува со потполно уважување на оваа јасно наведена вистина. Затоа, важно е посебно да се потрудиме да ја надминеме секоја бариера која би нѐ спречила да го достигнеме секого со добрата вест.
2 Кога во некои подрачја проповедаме од куќа до куќа, не е необично да најдеме луѓе кои не го зборуваат или не го разбираат јазикот што се користи во нашето собрание. Јазичната бариера спречува некои луѓе да извлечат потполна корист од пораката за Царството што ја проповедаме. Меѓу нив се глувите кои комуницираат со знаковен јазик. Што да се стори, а што ќе ни помогне да ја надминеме јазичната бариера која нѐ спречува делотворно да ги достигнеме со добрата вест овие луѓе?
3 Во 1991, Заедницата подготви формулари S-70a, „Да се посети лицето кое зборува на странски јазик“. Целта на ова ливче е да осигура дека на луѓето кои не зборуваат на јазикот на собранието на чие подрачје тие живеат, вклучувајќи ги и луѓето кои зборуваат знаковен јазик, ќе им се пружи прилика да ја добијат пораката на Царството на сопствениот јазик.
4 Кога ќе најдеш некого на подрачјето кој е глув или некој кој не го разбира јазикот што се користи во собранието, треба читливо да исполниш едно од овие ливчиња. Тоа треба да се стори дури и ако лицето не покажува интерес за вистината. Можеби нема секогаш да го дознаеш името на лицето, но треба да ја наведеш адресата и јазикот што го зборува. Ливчето може да се достави во кутијата за извештаи од службата во Царската сала. Секретарот ќе ги собере ливчињата, ќе ја провери нивната точност и читливост и ќе ги испрати до најблиското собрание или група која се грижи за луѓето кои го зборуваат наведениот јазик.
5 Во некои случаи ова можеби нема да биде неопходно. На пример, повеќето собранија од шпанско говорно подрачје во Соединетите Држави веројатно знаат каде на нивното подрачје живеат луѓето што зборуваат шпански. Од друга страна, луѓето кои зборуваат извесен јазик може да се нашироко расштркани. Од собранието или групата која зборува на таков јазик можеби се бара да покрие пошироко подрачје и тие ќе ја ценат помошта во пронаоѓање на луѓето на кои можеби се во состојба да им помогнат.
6 Ако нема собрание или група на матичното подрачје кое може да даде сведоштво на потребниот јазик, можеби има некој објавител во едно од месните собранија кој го знае јазикот и кој би можел да се погрижи за посетата. Ако не се најде никој што го зборува јазикот дури и после консултирањето со надгледникот на градот, месните браќа треба да направат сѐ што можат за да се погрижат да се даде сведоштво. Брошурата Радувај се засекогаш на животот на Земјата! се покажала мошне корисна под такви околности.
7 Секој објавител треба да биде спремен секогаш кога е потребно да ги користи ливчињата за посета. Ако собранието нема формулари S-70a, потребните информации може да се запишат на мал лист хартија и да се предаде како што е опишано погоре. Ако вложиме искрени напори да ги достигнеме сите луѓе со добрата вест без оглед на нивниот јазик, ќе ја одразуваме љубовта на нашиот Бог, Јехова, „Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“ (1. Тим. 2:4).