Писмено повторување во Теократската школа на проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа на проповедање во седмиците од 6. септември до 20. декември 1993. Употреби посебен лист за запишување на онолку прашања колку што ти е можно во зададеното време.
(Забелешка: Во текот на писменото повторување при одговарањето на прашањата можеш да се служиш само со Библијата. Упатствата во заградите служат за лично истражување.)
Означи дали следниве искази се точни или неточни:
1. Книгата Ездра го опфаќа извештајот за Јеховиното постапување со Евреите сѐ до времето кога бил собран еврејскиот каталог [si стр. 86, пас. 7].
2. Книгите Ездра и Неемија првобитно сочинувале една книга која се викала Ездра [si стр. 88, пас. 3].
3. Кога одржуваш говор, не е најдобро во текот на целиот говор да го држиш своето одушевување на високо ниво [sg стр. 161, пас. 6].
4. Завршните стихови од 2. Летописи докажуваат дека од потполното опустошување на Јуда до обновувањето на чистото обожавање во 537. пр.н.е. мора да се бројат цели 70 години [si стр. 84, пас. 35].
5. Редовното коментирање на состаноците ќе ти помогне да се навикнеш да зборуваш пред група [sg стр. 180, пас. 14].
6. ,Жената од синовите на Дан‘ била и мажена за човек од племето на Дан (2. Лет. 2:14, NW) [Седмично читање на Библијата; види и w79-Е 15/4, стр. 31].
7. Втора книга Летописи 16:14 укажува дека царот Аса бил кремиран [Седмично читање на Библијата; види и w76-Е, стр. 416].
8. Во Лука 11:51, Исус очигледно се осврнува на каменувањето на Захарија, синот на Јодај (2. Лет. 24:20, 21) [Седмично читање на Библијата; види wSB 7/80, стр. 30].
9. Кога некој Јеховин сведок мора да ја пропушти Спомен-свеченоста, треба да ја прослави 30 дена подоцна (2. Лет. 30:2) [Седмично читање на Библијата; види и w 3/85, стр. 31].
10. Еврејските изгнаници биле повторно населени во нивната татковина до „седмиот месец“, односно околу 1. октомври 537. пр.н.е. (Ездра 3:1) [Седмично читање на Библијата; види и si стр. 282, пас. 29].
Одговори на следниве прашања:
11. Исправниот временски распоред на говорот воглавно зависи од што? [sg стр. 176, пас. 25].
12. Кој храм ги надминува во слава земските храмови? [si стр. 87, пас. 16].
13. Што е модулација? [sg стр. 157, пас. 11].
14. Зошто мора да биде објаснета примената на една споредба? [sg стр. 166, пас. 10].
15. Како може да се одрази на заклучокот на говорот ако говорникот го пречекори времето? [sg стр. 174, пас. 16].
16. Зошто не е неприкладно да се снимаат јавни молитви? (2. Лет. 33:18) [Седмично читање на Библијата; види w78-Е 1/1, стр. 32].
17. Кое име го пружа световната историја за Асенафар? (Ездра 4:10) [Седмично читање на Библијата; види w88-Е 15/2, стр. 28].
18. Зошто децата од другоплемените жени биле отпуштани заедно со нивните мајки? (Ездра 10:3, 44) [Седмично читање на Библијата; види и wSB 1/86, стр. 30].
19. Која била „дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс“? (Неем. 2:1) [Седмично читање на Библијата; види w92 1/10, стр. 11].
20. Како бил ,толкуван‘ Законот? (Неем. 8:8). [Седмично читање на Библијата; види w 2/86, стр. 15].
21. Каква треба да биде секоја илустрација што е употребена во говор? [sg стр. 168, пас. 20].
Впиши што недостига во следниве изјави:
22. После вавилонското ропство, верниот остаток од Евреи поставил олтар и принел жртви во ․․․․․․․ [si стр. 85, пас. 3].
23. Ако говорникот има срдечни чувства кон своите слушатели, тоа треба да се покаже на неговото ․․․․․․․ [sg стр. 162, пас. 13].
24. Ако користиме теократски термини во нашата служба, важно е да ги ․․․․․․․ [sg стр. 170, пас. 5].
25. Главната цел на заклучокот е ․․․․․․․ [sg стр. 172, пас. 4].
26. Говорникот не треба да се ․․․․․․․ на говорничкиот пулт [sg стр. 183, пас. 26].
27. Во склад со 1. Тимотеј 3:1, браќата можат да се стават на располагање така што ․․․․․․․ [sg стр. 188, пас 10].
Пронајди го точниот одговор во следниве изјави:
28. Ездра ги завршил Летописи (о. 515; о. 460; о. 537) пр.н.е. [si стр. 79, пас. 1].
29. Неемија служел за време на владеењето на персискиот цар (Кир; Ксеркс; Артаксеркс) [si стр. 88, пас. 1].
30. Споменатиот „празник“ е Празникот (Сеници; Седмици; Бесквасници). (2. Лет. 7:8) [Седмично читање на Библијата; види pm стр. 53.]
Стави ги следниве библиски стихови зад соодветните изјави:
2. Лет. 9:9; 2. Лет. 19:7; 2. Лет. 28:16, 20, 21; 2. Лет. 36:20, 21; Неем. 5:7
31. Непотребното вплеткување со светот може да се покаже погубно [Седмично читање на Библијата; види w85-Е 1/9, стр. 30].
32. Во врска со исправниот став кон подмитувањето, Јехова лично го поставува мерилото [Седмично читање на Библијата; види w 2/87, стр. 30].
33. Ова било директно прекршување на Јеховиниот закон од 3. Мојсеева 25:36 и 5. Мојсеева 23:19 [Седмично читање на Библијата; види w 2/86, стр. 14].
34. Ова зборува за подарок кој вредел повеќе од 50.000.000 долари [Седмично читање на Библијата; види g87-Е 22/11, стр. 4].
35. Една од причините за 70-годишното заробеништво на Израел во Вавилон била прекршувањето на Божјите закони за Сабатот [Седмично читање на Библијата; види g79 22/9, стр. 9].