ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/94 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1994
Нашата служба за Царството 1994
km 8/94 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература во август: Може да се користи било која од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, „Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во Тројство?, Божјето име е вечно и Која е смислата на животот — Како да се пронајде? Септември: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Октомври: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Претплати може да се нудат на повторни посети. Ноември: Книгата Библијата — Реч Божја или човечка? НАПОМЕНА: Собранијата на кои ќе им треба гореспоменатата акциска литература треба да ја нарачаат на својата следна месечна Нарачка (S-14). Ве молиме, нарачајте ги потребните додатни списанија за растурање во октомври.

◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Секојдневно разгледување на Писмото 1995, Годишник на Јеховините сведоци 1995 и Календар на Јеховините сведоци 1995 со својата септемвриска нарачка на литература.

Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото 1995 ќе може да се добие на албански, англиски, бугарски, германски, грчки, дански, италијански, македонски, полски, романски, словачки, словенечки, српски, турски, унгарски, француски, хрватски, чешки и шпански.

Годишник 1995 ќе може да се добие на следниве јазици: англиски, германски, грчки, дански, италијански, полски, словачки, унгарски, француски, чешки и шпански.

Календар 1995 ќе може да се добие на следниве јазици: англиски, германски, грчки, дански, естонски, италијански, полски, романски, руски, словачки, словенечки, српски, украински, унгарски, француски, хрватски, чешки и шпански.

◼ На секое собрание ќе му биде испратена соодветна залиха од формулари за користење во текот на 1995 службена година. Тие формулари не треба да се упропастуваат. Треба да се користат само за нивната предвидена намена.

◼ Секој што е поврзан со некое собрание треба да ги испраќа сите нови и обновени претплати на Стражарска кула и Разбудете се!, како и своите лични, преку собранието.

◼ Заедницата не прифаќа порачки на литература од поединечни објавители. Оние кои сакаат одреден артикл, можат да го известат слугата за литература кој неодложно ќе го вклучи тоа во собраниската месечна нарачка на литература. Пред да се испрати собраниската месечна нарачка на литература до Заедницата, претседавачкиот надгледник треба да направи подготовки секој месец да се даде известување дека сите заинтересирани за поединечни примероци на литература треба да му се јават на братот кој се грижи за литература.

◼ Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литературата (S-18). Собранискиот секретар треба да се состане со слугата за литература уште на почетокот на август, па да одредат датум за правење на инвентура на собраниската залиха на литература на крајот од месецот. Мора точно да се преброи сета литература што е на залиха, а вкупниот број да се запише на формуларите Инвентура на литература. Вкупниот број на списанија со кои се располага може да се добие од слугата за списанија. Молиме, пратете го оригиналот до Заедницата не подоцна од 6. септември. Задржете индиго-копија за вашата архива. Третиот лист може да се користи како работен. Инвентурата треба да ја надгледува секретарот, завршениот формулар треба да го провери претседавачкиот надгледник, а формуларот ќе го потпишат претседавачкиот надгледник и секретарот.

◼ Објавителите кои планираат да започнат со општа пионерска служба од 1. септември 1994, треба да дадат молба без одлагање.

◼ Собранискиот секретар ќе ги собере извештаите од службата за да ги впише во формуларот Собраниска анализа (S-10). Тој исто така внимателно ќе поучи било кој старешина или слуга помошник што ќе му помогне да го состави извештајот. Ова ќе осигура точно впишување на потребните информации од Картичките на собраниски објавител (S-21). Формуларот Собраниска анализа (S-10) треба да се исполни точно и уредно, а службениот одбор треба внимателно да го провери.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели