ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/94 стр. 1
  • Сега е времето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сега е времето
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Како да ги остварам моите цели?
    Разбудете се! 2010
  • Користи ги духовните цели за да го величаш твојот Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • 12. Цели
    Разбудете се! 2018
  • Како да ги остварам моите цели?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 10/94 стр. 1

Сега е времето

1 Кога апостол Павле го напишал второто писмо до Коринтјаните, тој ги потсетил дека решиле да направат добро дело за помош на нивните соверници во Ерусалим. Меѓутоа, поминала една година, а тие сѐ уште не ја довршиле работата што ја започнале. Затоа ги подбудил: „Продолжете и довршете ја: бидете ревни да го исполните планот како што бевте кога го прифативте“ (2. Коринтјаните 8:11, The New English Bible).

2 Порано или подоцна, секој од нас си поставил лични цели. Можеби сме одлучиле да го зголемиме нашето учество во службата на подрачјето, подобро да ги запознаеме браќата, да ги исполниме условите за предности на службата или да надминеме некои слабости. Иако сме започнале со добри намери, можеби не сме запнале доволнно за да ја достигнеме целта. Поминале седмици, месеци, па дури и години, а ние не сме постигнале никаков напредок ниту сме биле свесни за тоа. Можно ли е да треба и ние да го примениме советот ‚да продолжиме и да го довршиме‘ она што сме го започнале?

3 Достигнување на нашите цели: Едно е да се одлучи, но сосем друго да се спроведе она што е одлучено. Одолжувањето може да спречи секаков напредок. Треба да одлучиме, а потоа да бидеме решени да го спроведеме тоа, без одлагање. Личната организација е неопходна. Важно е да го одвоиме времето што е потребно за извршување на задачата и да се потрудиме истото да го употребиме за таа цел. Добра идеја е да се постави рок, а потоа да се покажува самодисциплина за да се постигне.

4 Кога сме спречени да ги постигнеме целите, лесно е да размислуваме: ‚Ќе го сторам тоа подоцна‘. Но, ние не знаеме што ќе се случи во иднина. Во Изреки 27:1 се вели: „Не се фали со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден“. Ученикот Јаков предупредил против преголемата сигурност во однос на иднината бидејќи „не знаете, што ќе стане утре . . . грев е за оној, кој знае да прави добро, а не го прави“ (Јаков 4:13-17).

5 Покрај толку многу работи што ни го одвлекуваат вниманието, како и работи кои другите ги бараат од нас, нашите цели можат лесно да бидат засенети. Потребни се совесни напори за да ги задржиме во преден план во мислите. Корисно е, исто така, да бидат постојано дел од нашите молитви. Многу значи и ако замолиме некого што ни е близок да нѐ потсетува на нив и да нѐ охрабрува. Ако си забележиме на календарот, тоа ќе ни послужи како потсетник за да го проверуваме нашиот напредок. Човек мора да биде решен да „направи онака како што одлучил во срцето“ (2. Кор. 9:7, НС).

6 Октомври дава одлични прилики да се концентрираме на нашите цели. Ќе нудиме Стражарска кула и Разбудете се! Претплати на овие две списанија може да се нудат таму каде што е покажан искрен интерес, обично на повторни посети. Можеме ли да си поставиме разумни цели коишто ќе ги достигнеме? Како би било да се обидеме да го зголемиме бројот на врачени списанија? Одлуката да направиме повеќе повторни посети и да започнеме нова библиска студија може да биде реална цел за многумина.

7 Не е мудро да го одлагаме она што е важно, бидејќи „светот поминува“ (1. Јов. 2:17). Уште сега ни се нудат посебни предности и благослови во Јеховината служба. Од нас зависи дали ќе ги добиеме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели