Известувања
◼ Понуда на литература за октомври: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Претплати може да се нудат на повторни посети. Ноември: Книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Јануари: Било која книга од 192 страници, објавена пред 1982, што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои ги немаат на залиха овие постари публикации ќе нудат Вистински мир и безбедност — Откаде?. НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S-14). Гореспоменатите постари публикации ги нема на располагање во Бетелот.
◼ Додатокот на оваа Наша служба за Царството е „Распоред за Теократска школа за проповедање — 1995“. Треба да се чува заради употреба во текот на 1995 година.
◼ Со својата октомвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат Секојдневно разгледување на Писмото — 1995. Брошурата ќе биде достапна на англиски, арапски, германски, грчки, италијански, македонски, романски, словенечки, српски, турски, унгарски, француски и хрватски. Додека овие брошури не бидат достапни и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе се појавуваат како „Во тек“. Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото спаѓа во посебна нарачка.
◼ Брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш може да се добие на следниве јазици: албански, англиски, германски, грчки, италијански, македонски, полски, романски, руски, словенечки, српски, хрватски и шпански.
◼ НОВИ ПУБЛИКАЦИИ:
Англиски: Индекс за 1991-1993; Арапски: Животот — Како постанал? (голем формат); Македонски: Време за вистинска подложност на Бог, Јеховините сведоци во дваесеттиот век, Како да се започнат и продолжат библиски дискусии?, Како да се пронајде патот до рајот?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Основни библиски науки и Која е смислата на животот; Полски: Нов свет превод на Христијанските Грчки списи; Турски: Која е смислата на животот?, Дали Бог нѐ смета за одговорни . . . (T-71)