ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/94 стр. 1
  • Божјата Реч има моќ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч има моќ
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Библијата — книга која треба да се чита
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 11/94 стр. 1

Божјата Реч има моќ

1 Библијата извршила големо влијание врз животите на милиони луѓе. Она што таа го вели мотивира далеку повеќе од што и да било што може да каже еден човек (Евр. 4:12). Погледни само што сторила за нас. Навистина, нејзината вредност е неспоредлива.

2 Јеховините сведоци се најистакнатите проучувачи и застапници на Библијата. Читањето на Библијата треба да го сметаме за важен дел од нашиот редовен теократски распоред, давајќи му предност во однос на гледањето телевизија и сите други рекреативни активности.

3 Нека ти стане редовна навика: Јеховиниот народ го цени моќното влијание што може да го изврши редовното читање на Библијата. На една од нашите печатници во Бруклин со години стои голем натпис „Секојдневно читај ја Божјата Реч, Библијата“, со цел да го поттикне секој минувач да го стори тоа. Од новите членови на бетелската фамилија се бара да ја прочитаат целата Библија во текот на првата година од нивната бетелска служба.

4 И покрај тоа што си многу зафатен, дали си во чекор со предложеното седмично читање на Библијата коешто е наведено во Распоредот за Теократската школа за проповедање? Ако имаш потешкотии да го правиш тоа, зошто да не работиш на тоа во ноември? За цел месец треба да се прочитаат Псалми 94-108, што значи потребно е да се чита по три до четири страници седмично. Некои сакаат да читаат секој ден по малку, можеби рано наутро или пред спиење навечер. Сеедно кога, важно е да извлечеш корист од редовното читање на Божјата Реч.

5 Понуда на книгата Библијата — Реч Божја или човечка? во ноември: Многу луѓе сѐ уште имаат почитување кон Библијата и спремни се да слушаат кога им читаме од неа. Во текот на ноември ќе ја нудиме книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Ова ни дава прекрасна можност на луѓето со искрени срца да им ја покажеме вредноста на Божјата Реч. Биди одушевен додека го правиш тоа.

6 Подготви неколку промислени коментари за одликите на книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, кои ќе ги заинтересираат луѓето да ја земат. Можеш да го истакнеш 1. поглавје — Зошто да се чита Библијата?, или 9. поглавје — Пророштва што се исполниле. Некои објавители можеби сакаат да го насочат вниманието на библиографијата на крајот од книгата. Не заборави да истакнеш на кој начин читањето на оваа публикација ќе му помогне на човекот да излезе на крај со предизвиците на денешницава, користејќи ја Библијата.

7 Да, Библијата е Божја Реч. Ако ја читаме, веруваме во неа и ги применуваме нејзините совети во нашиот живот, ќе пожнееме големи користи. Таа е напишана за да ни дава упатства и надеж (Рим. 15:4). Животоважно е секојдневно да се советуваме со неа и спремно да ја користиме за да ги поучуваме другите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели