ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/95 стр. 7
  • Мислете на другите — 2. дел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мислете на другите — 2. дел
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Биди обѕирен како Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Дали го почитуваш твоето место на обожавање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 2/95 стр. 7

Мислете на другите — 2. дел

1 Колку што е разумно можно, сакаме да останеме во добри односи со луѓето што живеат во нашата средина. Затоа е потребно да мислиме на нив и да ги почитуваме нивните права и чувства.

2 Јеховините сведоци се познати по добрите манири. Нашите мерила за лично однесување и изглед биле предмет на голем број поволни коментари во соседството, на училиште, на работното место, како и на нашите собири. (Види Стражарска кула од 1 октомври 1989, стр. 31, 32.)

3 Доброто однесување, се разбира, вклучува многу работи, како што е чесноста, трудољубивоста и добриот морал. Тоа исто така вклучува и почитување кон оние што живеат околу нашата Сала на Царството. Нашето побожно однесување во други аспекти од животот може да биде занемарено ако не мислиме на нашите соседи. Павле нѐ подбудил ‚да живееме достојно за Христовото Евангелие‘ (Фил. 1:27).

4 Понекогаш оние што живеат околу извесни Сали на Царството се жалат на недостиг на обѕирност од страна на оние што ги посетуваат состаноците. Браќата и сестрите треба да избегнуваат да се собираат на тротоарот пред Салата на Царството и да водат живи разговори што можат да се чујат во блиските домови. На децата не треба да им се дозволува да трчаат во или надвор од Салата на Царството. Невнимателното трескање со вратите или трубењето со автомобилските сирени можат да ги вознемират соседите. Ваквото однесување неповолно се одразува на собранието. Исто така, важно е да се придржуваме кон сите сообраќајни прописи кога возиме во ова подрачје (Рим. 13:1, 2, 5).

5 Автомобилите не треба да се паркираат на приватен имот или на места каде што ќе го отежнуваат сообраќајот или ќе го попречат излезот од гаража. Паркиралиштата, што ги одржуваат блиските деловни установи за нивните корисници, не треба да се користат без дозвола. Таму каде што три или четири собранија користат една Сала на Царството, скоро секој ден во седмицата има состаноци и ова изискува тесна соработка меѓу старешинствата. (Види Стражарска кула од 1 февруари 1989, стр. 28, пас. 13.)

6 Библијата нѐ подбудува ‚сѐ да правиме за слава Божја‘, а тука спаѓа и да мислиме на надворешните (1. Кор. 10:31-33). Ако ‚гледаме на личните интереси на другите‘, нема безобѕирно да се наметнуваме на нивен имот (Фил. 2:4, НС). Исто така, ќе избегнуваме да се мешаме во деловните активности на локалните трговци.

7 Кога мислиме на другите — како во собранието така и надвор од него — покажуваме што чувствуваме во срцето. Она што го правиме и што го зборуваме треба да покаже дека ‚го љубиме својот ближен како себеси‘ (Мат. 7:12; 22:39).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели