Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 4 септември до 18 декември 1995. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. ,Синот‘ за кој се зборува во Исаија 66:7 го претставува раѓањето на духовната нација на помазани христијани во 1919 година, а не раѓањето на Месијанското Царство во 1914 година. [Седмично читање на Библијата; види w 1. 1. 90, стр. 15.]
2. Исаија 38:5 ни помага да сфатиме дека искрените молби можат да го поттикнат Јехова да направи нешто што инаку не би го направил. [Седмично читање на Библијата; види w 1. 4. 95, стр. 14.]
3. Незначителниот човек на Земјата може да предизвика Творецот на универзумот да чувствува навреда или радост (Исаија 63:10). [Седмично читање на Библијата; види w 15. 6. 93, стр. 15.]
4. Јеремија 1:5 го поддржува она на кое укажува Библијата во врска со започнувањето на животот при зачнувањето. [Седмично читање на Библијата; види wE 15. 6. 89, стр. 29.]
5. Стиховите од Исаија 53:5, 12 прорекле дека Исус Христос ќе умре како откупна жртва за да ги покрие гревовите на другите. [Седмично читање на Библијата; види w 1. 10. 92, стр. 14.]
6. Исаија 48:17 всушност ни вели да ја применуваме Божјата Реч во нашиот живот и самите да се увериме дека начелата што се наоѓаат таму се навистина делотворни. [Седмично читање на Библијата; види w 1. 3. 95, стр. 12.]
7. Иако Јеховините сведоци не учествуваат во која и да било политичка активност, тие ниту се мешаат во она што го прават другите во врска со приклучувањето кон некоја политичка партија, кандидирање или гласање за време на изборите. [uw стр. 166, пас. 12.]
8. Верните Божји слуги пред времето на Христос немале спознание за новиот свет во кој се надеваме ние. [Седмично читање на Библијата; види w 15. 2. 95, стр. 11.]
9. Кир станал Јеховин „помазаник“, иако нема докази дека на него било излеано дословно масло (Исаија 45:1). [Седмично читање на Библијата; види w 15. 11. 92, стр. 30.]
10. За да му служат на Јехова со потполна оддаденост, христијаните треба да го знаат денот и часот кога Јехова ќе го уништи Сатановиот земски систем. [uw стр. 176, пас. 2.]
Одговори на следниве прашања:
11. Кога треба христијанинот да разговара со лекарот за својата одлука да се воздржува од крв? [uw стр. 158, пас. 9.]
12. На кој начин Исус не бил дел од светот? [uw стр. 161, пас. 2.]
13. Што не значи храбро зборување за Божјата Реч? [uw стр. 175, пас. 13.]
14. Ако вистински ја прифатиме добрата вест, каква одговорност ќе имаме? [uw стр. 169, пас. 2.]
15. Од сите народи на Земјата, кој е „праведниот народ, кој ја пази вистината [кој се држи за верното однесување, НС]“ спрема Бог, и кој е приклучен кон тој народ? (Исаија 26:2, 15). [Седмично читање на Библијата; види w 1. 1. 95, стр. 10, 11.]
16. Според Исаија 32:1, 2, која е главната улога на старешините? [Седмично читање на Библијата; види w 1. 4. 93, стр. 30.]
17. Каков јасно видлив резултат постигнала божествената поука меѓу Јеховините сведоци ширум светот? (Исаија 54:13) [Седмично читање на Библијата; види w 1. 3. 94, стр. 17.]
18. Кои три Евангелија и кои поглавја од нив, даваат информации за комбинираниот знак по кој се препознава „свршетокот на светот“? [uw стр. 178, пас. 5.]
19. Зошто во својот историски запис, Сенахирим не можел да се фали со освојувањето на јудејскиот главен град, Ерусалим, како што се фалел за освојувањето на јудејската тврдина Лахис? (Исаија 37:36) [Седмично читање на Библијата; види w 1. 6. 93, стр. 6.]
20. Кој и што е претставено со „левијатанот“ во Исаија 27:1? [Седмично читање на Библијата; види wE 15. 8. 86, стр. 31.]
Впиши го(ги) зборот(-вите) или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Кога некој христијанин ќе биде примен во болница, треба ․․․․․․․ да побара да не се користи крв и треба лично ․․․․․․․ со лекарот кој ќе го води неговиот случај [uw стр. 158, пас. 9.]
22. Два начини на кои ја покажуваме нашата доверба во Јехова се редовно да присуствуваме на ․․․․․․․ и редовно да му се обраќаме во ․․․․․․․ . [uw стр. 170, 171, пас. 5-7.]
23. Исус бил камен за ․․․․․․․ на Евреите, но станал основниот ․․․․․․․ врз кој Јехова го гради својот духовен дом во исполнение на Исаија 8:14 и 28:16. [si стр. 123, пас. 36.]
24. Уредувањето за кое се зборува во Ефесјаните 1:9, 10 се сосредоточува на и преку него луѓето се доведени во ․․․․․․․ положба пред Бог; некои од нив се со изглед да бидат на ․․․․․․․ , а другите на ․․․․․․․ . [uw стр. 186, пас. 6.]
25. „Синовите Божји“ за кои се зборува во Римјаните 8:19-21 се духовно помазаните синови кои ја стекнале својата ․․․․․․․ награда, и тие ќе бидат откриени кога луѓето на ․․․․․․․ ќе видат докази дека тие стапиле во акција, учествувајќи со Христос во ․․․․․․․ на овој злобен систем на ствари. [uw стр. 188, пас. 11.]
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Првите христијани биле исмејувани како човекомрасци затоа што (не зборувале со неверници; не обожавале идоли; избегнувале насилна и неморална забава). [uw стр. 163, пас. 7.]
27. Во Исусовата споредба од Матеј 13:36-43, житото ги претставува (верните мажи од старо време; големото мноштво; помазаните христијани), додека каколот ги претставува (сите неверници; лажните христијани; книжниците и фарисеите). [uw стр. 179, пас. 7.]
28. Откако политичките владетели ќе ја уништат лажната религија, тие пркосно ќе се свртат против (комерцијалниот систем; Обединетите нации; оние кои ја поддржуваат Јеховината сувереност). [uw стр. 182, пас. 13.]
29. Во 1914 имало околу (1.100; 5.100; 10.100) лица кои активно проповедале. [Седмично читање на Библијата; види w 1. 9. 94, стр. 16.]
30. За Јеремија поседуваме покомплетна биографија отколку за кој и да е друг древен пророк освен за (Даниил; Исаија; Мојсеј). [si стр. 124, пас. 5.]
Сложи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
3. Мој. 17:11, 12; Иса. 43:10; Јер. 7:31; Јован 8:41, 44, 47; Дела 4:13
31. Ограниченото световно образование не спречува некого да стане бестрашен објавител на добрата вест. [uw стр. 172, пас. 8.]
32. Единствениот начин, според Библијата, на кој можела да се користи крвта, ја истакнува нејзината светост и ја нагласува вредноста на Христовата жртва. [uw стр. 159, пас. 11.]
33. Постапките на еден човек и духот што го покажува тој, појасно откриваат кој е неговиот духовен татко отколку што би откриле неговите дела. [uw стр. 186, пас. 5.]
34. Јехова немал претходник; никаков бог не постоел пред него ниту, пак, после него ќе има бидејќи тој е вечен, Врховниот Суверен. [Седмично читање на Библијата; види w 15. 1. 92, стр. 22.]
35. Повеќето возрасни луѓе денес не би ни помислиле да ги жртвуваат своите деца како жртви на идоли, а сепак неброени милиони бебиња намерно се уништени по пат на абортус и милиони младинци се принесени на олтарот на војната. [Седмично читање на Библијата; види wE 15. 1. 88, стр. 31.]