ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/96 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1996
Нашата служба за Царството 1996
km 1/96 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература во јануари: Направи го среќен семејниот живот, Светска безбедност под „Кнезот на мирот“, или Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш? Собранијата што ја имаат на залиха која и да е книга од 192 страници, објавена пред 1982 година, треба најнапред да ги нудат тие книги. Февруари: Направи го среќен семејниот живот или Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Спознание кое води до вечен живот. Април: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! На често обработуваните подрачја може да се користи која и да е брошура (освен брошурите Образование и Училиште). Онаму каде што на повторна посета ќе се пронајде интерес, може да се понуди претплата. ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа при својата следна месечна нарачка со формуларот Нарачка за литература (S[d]-14).

◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за прослава на Споменот кој оваа година ќе се одржи во вторник, 2 април, после зајдисонце. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја прослава на Споменот, тоа можеби нема секогаш да биде можно. Онаму каде што неколку собранија вообичаено користат иста Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да добијат на користење друг објект за таа вечер. Споменот не треба да започне толку доцна па на новозаинтересираните лица да не им одговара да присуствуваат. Освен тоа, времето меѓу два состанока не треба да биде толку кратко што не би останало време пред или после прославата да се поздрават посетителите, да се направат подготовки за понатамошна духовна помош за некои поединци или да се ужива во општата размена на охрабрување меѓу присутните. Откако внимателно ќе се разгледаат сите фактори, старешините треба да одлучат кои подготовки ќе бидат најдобри за да им помогнат на оние кои присуствуваат на Споменот да извлечат потполна корист од таа прилика.

◼ Посебното јавно предавање за периодот на Споменот за 1996 година ќе се одржи в недела, на 21 април. Темата на предавањето ќе биде „Да се остане беспрекорен среде еден расипан род“. Нацртот за говорот ќе биде испратен. Оние собранија кои во текот на тој викенд имаат посета од покраинскиот надгледник, покраински состанок или ден на посебен состанок, ќе го имаат предавањето следната седмица. Ниедно собрание не треба да го одржи посебното предавање пред 21 април.

◼ Со почеток во февруари, а не подоцна од 3 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе гласи „Лојално собрание под Христовото водство“.

◼ Почнувајќи со изданието од 1 јануари 1996, ќе се произведуваат симултани, месечни изданија на Стражарска кула на читонга, исоко и лувале.

◼ Нови публикации на располагање:

Албански: Јеховините сведоци и образованието; Спознание кое води до вечен живот; Македонски: Кој навистина владее со светот (T-22); Турски: Како да се започнат и продолжат библиски дискусии; Кога ќе умре некој што го сакаш; Словенечки: Јеховините сведоци — Обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот; Спознание кое води до вечен живот; Српски: Јеховините сведоци и образованието; Како да се подобри способноста за говорење и поучување; Спознание кое води до вечен живот; Хрватски: Јеховините сведоци и образованието; Спознание кое води до вечен живот; Човештвото во потрага по Бог

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели