Известувања
◼ Литература што ќе се користи во февруари: Направи го среќен семејниот живот или Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Спознание кое води до вечен живот. Април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! На често обработуваните подрачја може да се користи и која и да е брошура (освен брошурите Образование и Училиште). ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа при својата следна месечна нарачка со формуларот Нарачка за литература (S[d]-14).
◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во март, април и мај, треба да направат планови уште сега и да ги предадат своите молби што порано. Ова ќе им помогне на старешините да ги направат неопходните подготовки за служба на подрачјето и да стават на располагање доволно списанија и друга литература.
◼ Прославата на Споменот ќе се одржи во вторник, 2 април 1996. Иако говорот може да започне порано, молиме, запомнете дека пронесувањето на лебот и виното за Споменот не треба да почне пред зајдисонце. Проверете кај локалните извори кога заоѓа Сонцето во вашиот крај. Тој ден нема да се одржуваат никакви други состаноци освен состаноци за служба на подрачјето. Ако вашето собрание обично има состанок во вторник, ќе треба да го префрлите во друг ден од таа седмица ако Салата на Царството е слободна.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некој има потешкотии да ја исполни квотата на часови, старешините треба да се погрижат тој да добие помош. Да се разгледаат пасусите 12-20 во додатокот на Наша служба од септември 1986.