ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/96 стр. 3
  • Подготовката — клуч за успех

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подготовката — клуч за успех
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Покажи искрен интерес — со тоа што ќе се подготвуваш
    Нашата служба за Царството 2006
  • Претходната подготовка донесува радост
    Нашата служба за Царството 1999
  • ‚Бидете спремни за секое добро дело‘
    Нашата служба за Царството 2008
  • Доколку донесува резултати, користи ја!
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 3/96 стр. 3

Подготовката — клуч за успех

1 Претходното подготвување за службата ќе помогне да се надмине какво и да било колебање што некој може да го чувствува во врска со учеството во службата на подрачје. Додека се приближуваш кон вратите, ќе знаеш што сакаш да им кажеш на станарите. Нема да има потреба да бидеш загрижен околу предизвиците со кои можеби ќе се соочиш. По враќањето дома од служба, ќе се чувствуваш охрабрен, знаејќи дека си вложил добар труд во службата. Да, темелната подготовка е клучот за изострување на нашите проповеднички и поучувачки вештини.

2 Павле ја нагласил подготовката поттикнувајќи нѐ нашите ‚нозе да бидат обуени во опремата на добрата вест на мирот‘ (Ефеш. 6:15, НС). Ова вклучува да ги подготвиме нашиот ум и срце како и да добиеме позитивно гледиште и став на спремност. Кога сме подготвени да ја споделуваме вистината со другите, нашата работа ќе биде наградена со плодови на Царството, правејќи нѐ среќни (Дела 20:35).

3 Како да се подготвиме за проповедничкото дело: Треба да избереме една презентација која ни оди од рака, можеби помеѓу оние кои се предложени во книгата Расудување или оние што се наоѓаат на последната страница од Наша служба за Царството. Размисли внимателно за стихот што планираш да го употребиш, одлучувајќи кои зборови или фрази ќе ги нагласиш за да ја истакнеш главната точка. Нема потреба презентацијата да се учи напамет; најдобро е да се има идејата во глава, да се изрази со свои зборови и да се искаже на начин на кој мислиш дека ќе биде привлечен за твојот слушател.

4 Разгледај ја публикацијата што планираш да ја понудиш и избери некои интересни точки за разговор. Одбери нешто што според тебе ќе биде од интерес за луѓето на твоето подрачје. Размисли и за тоа како можеш да ја прилагодиш својата презентација на различни станари — маж, жена, некое постаро лице или некој младинец.

5 Си се обидел ли да вежбаш заедно со други? Соберете се заедно со членовите на семејството или со други објавители за да дискутирате кои презентации би можеле да бидат делотворни, а потоа извежбајте ги на глас така што сите да ги имаат добро во мислите. Обиди се да прикажеш реални ситуации и приговори на кои би можеле да наидеме на подрачјето. Ваквите вежби ќе ја подобрат течноста на твојот говор, ќе ја зголемат делотворноста во проповедањето и ќе ја изградат твојата доверба.

6 Исто така, покрај подготвувањето и вежбањето на твојата презентација, би требало да се запрашаш: ‚Дали облеката што планирам да ја носам е прикладна за служба? Имам ли во мојата торба за книги тоа што ми е потребно, вклучувајќи ја и литературата што планирам да ја употребам? Дали е во добра состојба? Ја носам ли мојата книга Расудување, трактати, белешки од куќа до куќа и пенкало?‘ Претходното внимателно планирање ќе придонесе за попродуктивен ден во службата.

7 Откако сме го сториле најдоброто што сме можеле за да се подготвиме, треба да се помолиме за Јеховиниот дух да ни помогне да бидеме успешни (1. Јов. 5:14, 15). Ако посветиме грижливо внимание на подготвувањето, ќе најдеме поголема радост во нашето дело додека ‚потполно ја извршуваме нашата служба‘ (2. Тим. 4:5, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели