Известувања
◼ Понуда на литература за мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! За подрачје кое често се обработува, може исто така да се користи која и да било соодветна брошура. Јуни: Спознание кое води до вечен живот. Јули и август: Која и да било од следниве брошури, од по 32 страници: Владата која ќе донесе рај, Дали треба да се верува во тројство?, Гледај! Сѐ ново создавам!, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот — Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата и Се грижи ли Бог навистина за нас? Таму каде што ќе биде соодветно може да се понудат брошурите, како што се: Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни?