Известувања
◼ Понуда на литература за септември: Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Собранијата кои ги имаат на залиха книгите Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата или Направи го среќен семејниот живот, можат да ги нудат тие книги. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и од Разбудете се! Ноември: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се дојде повторно кај сите оние на кои им било врачена литература, со цел да се започнат домашни библиски студии. Декември: Библијата — Реч Божја или човечка?
◼ Претседавачкиот надгледник, или некој кој е назначен од него, треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно набрзо после тоа. Да се извести собранието кога тоа ќе биде направено.
◼ Објавителите кои планираат да служат како помошни пионери во октомври треба рано да предадат молба. Тоа ќе им овозможи на старешините да ги направат потребните подготовки за списанија, литература и подрачја.
◼ Се потсетуваат старешините да ги следат упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991, на страници 21—23, во врска со сите лица кои се исклучени или одвоени од Заедницата, кои можеби се склони да бидат повторно примени.
◼ Тримесечното издание на Разбудете се! на хири моту е привремено укинато. Изданието од јули—септември ќе биде последно.
◼ Почнувајќи од јануари 1997, изданието на Разбудете се! на марати, ќе биде месечна публикација
◼ Полумесечното издавање на Стражарска кула на грузиски јазик ќе започне од јануари 1997.
◼ Почнувајќи со изданието од октомври—декември 1996, Разбудете се! ќе биде печатено на грузиски како тримесечно издание.
◼ Нови публикации на располагање:
Бенгалски: Спознание кое води до вечен живот. Италијански: Како да се пронајде патот до рајот? (за муслимани). Македонски: Спознание кое води до вечен живот. Српски: Дали сме одговорни пред Бог? Управува ли судбина со нашите животи? (T-71); Најголемото име (за муслимани, T-72). Турски: Најголемото име (за муслимани, T-72).