ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/96 стр. 7
  • Проповедај го Царството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедај го Царството
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Ние ја објавуваме нашата надеж за Царството
    Нашата служба за Царството 2007
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Изградувачки настроен и позитивен
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Дали се трудиш потполно да ја извршиш службата за Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 9/96 стр. 7

Проповедај го Царството

1 Во Евреите 10:23, ние сме поттикнати да „го држиме исповеданието на надежта цврсто“. А нашата надеж е концентрирана на Божјето Царство. Исус особено заповедал дека добрата вест за Царството мора да им биде проповедана на сите народи (Мар. 13:10). Ова треба да го задржиме на ум додека сме вработени во нашата служба.

2 Кога контактираме со луѓето, се обидуваме да започнеме разговор во врска со нешто што ги интересира или загрижува. Обично спомнуваме работи за кои тие се свесни, како што е криминалот во соседството, проблемите на младите луѓе, грижите во врска со заработувањето за живот, или за кризата во светските работи. Со оглед на тоа што умовите на повеќето луѓе се сосредоточени на овие „животни грижи“, кога ќе покажеме дека ние сме заинтересирани и дека имаме разбирање, луѓето често ќе го искажат она што го мислат (Лука 21:34, НС). Ова може да ни го отвори патот да ја споделиме нашата надеж.

3 Меѓутоа, ако не сме внимателни, разговорот може да се задржи на негативни работи до степен што не успеваме да ја постигнеме целта на нашата посета — да ја проповедаме пораката за Царството. Иако обрнуваме внимание на лошите околности кои донесуваат толку многу неволји, нашата цел е да го насочиме вниманието кон Царството, кое конечно ќе ги реши сите проблеми на човештвото. Имаме навистина прекрасна надеж, која на луѓето им е очајнички потребна да ја слушнат. Затоа, иако можеби на почетокот дискутираме за некои аспекти од овие „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“, треба брзо да се сосредоточиме на нашата првенствена порака, ‚вечното Евангелие‘. На тој начин во потполност ќе ја извршиме нашата служба (2. Тим. 3:1; 4:5; Откр. 14:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели