Известувања
◼ Понуда на литература во јануари: Која било книга од 192 страници издадена пред 1984 што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои немаат залиха од такви книги можат да ја нудат книгата Да се преживее за живот на новата Земја. Февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Тајната на семејната среќа. Април: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! На често обработувано подрачје може да се користи новата брошура Што бара Бог од нас?
◼ На сите крстени објавители кои ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 6 јануари, ќе им биде дадено Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност и Легитимација за нивните деца.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 2 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе биде „Користи го образованието за да го фалиш Јехова“.
◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за да го прослават Споменот оваа година, кој ќе биде во недела, 23 март, после зајдисонце. Иако говорот може да започне порано, пренесувањето на симболите за Споменот не треба да започне пред зајдисонце. Проверете кај локалните извори за да одредите кога заоѓа Сонцето во вашето подрачје. Со оглед на тоа што тој ден нема да се држат состаноци, освен оние за служба на подрачјето, треба да се направат прикладни преиначувања за Студијата на Стражарска кула да се одржи во друго време. Покраинските надгледници треба да го приспособат својот распоред за состаноци во таа седмица, зависно од локалните околности. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја прослава на Споменот, тоа можеби нема секогаш да биде можно. Онаму каде што обично Салата на Царството ја користат извесен број собранија, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да добијат на користење друг објект за таа вечер. Споменот не треба да започне толку доцна па на новозаинтересираните лица да не им одговара да присуствуваат. Ниту, пак, распоредот треба да биде толку збиен па да нема време пред или после прославата да се поздрават посетителите, да се направат подготовки за понатамошна духовна помош на заинтересираните лица или да се ужива во општата размена на охрабрување. Откако внимателно ќе ги разгледаат сите фактори, старешините треба да одлучат кои подготовки најдобро ќе им помогнат на оние кои присуствуваат на Споменот да извлечат целосна корист од таа прилика.
◼ Посебното јавно предавање за периодот на Споменот за 1997, ќе се одржи в недела, на 6 април. Нацртот за говорот ќе биде доставен. Оние собранија кои во текот на тој викенд ќе имаат посета од покраински надгледник, покраински состанок или Ден на посебен состанок, ќе го имаат посебното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има посебното предавање пред 6 април.
◼ Старешинството треба да знае дека кога собранието присуствува на локални конгреси, потребни се следниве приспособувања: Кога е предвиден Денот на посебен состанок, собранието треба да ги има сите редовни состаноци во текот на седмицата, со исклучок на Состанокот за јавност и Студијата на Стражарска кула кои се испуштаат. Кога е предвидено да присуствува на покраински состанок, собранието исто така ќе ги испушти и Теократската школа за проповедање и Состанокот за служба; во текот на таа седмица локално ќе се одржи само Собраниската студија на книга.
◼ Нови публикации на располагање:
Албански, англиски, бугарски, германски, грчки, италијански, француски и хрватски: Тајната на семејната среќа; албански, бугарски, германски, ерменски, италијански, македонски, руски, српски, украински и хрватски: Што бара Бог од нас?; албански: Младите прашуваат — Делотворни одговори; македонски: Божјето име кое ќе остане засекогаш; турски: Најголемиот човек кој некогаш живеел
◼ Нови компакт—дискови на располагање:
Мелодии на Царството — 3. дел (cdm-3)