ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/97 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Дали си подготвен за природна катастрофа?
    Нашата служба за Царството 2007
  • Како да помогнеш после некоја катастрофа
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Помагај им на другите полесно да се справат со неволјите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова
    Божјето Царство владее!
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 2/97 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Што треба да се стори кога ќе се случи катастрофа која директно ги погодува нашите браќа?

Ако се случи катастрофа во вашето подрачје: Не кревајте паника. Останете спокојни и сосредоточете се на она што е навистина вредно — животот, а не имотите. Погрижете се за непосредните физички потреби на своето семејство. Потоа известете ги старешините за своите околности и за моменталната локација.

Старешините и слугите помошници играат пресудна улога во обезбедувањето помош. Ако однапред е дадено предупредување за катастрофа, како што е случај со некои поголеми бури, овие браќа треба да се осигураат дека сите се на безбедно место и, ако дозволува времето, треба да ги набават и дистрибуираат продуктите кои се можеби потребни.

После тоа, водителите на студија на книга треба да го пронајдат секое семејство и да се распрашаат како се. Претседавачкиот надгледник или друг старешина треба да биде известен за ситуацијата на секое домаќинство, па дури и ако сѐ е добро. Ако некој е повреден, старешините ќе се обидат да средат за медицинско лекување. Исто така, тие ќе обезбедат секакви потребни материјални работи, како што се храна, облека, засолниште или залихи за домаќинството (Јован 13:35; Гал. 6:10). Локалните старешини ќе му дадат духовна и емоционална поддршка на собранието и, колку што е можно побрзо, ќе средат повторно да се оддржуваат собраниските состаноци. Откако е направена детална проценка, еден старешина во името на старешинството треба да стапи во контакт со покраинскиот надгледник за да го извести за сите повреди, за штетите во Салата на Царството или во домовите на браќата, како и за кои било посебни потреби. Тогаш, покраинскиот надгледник ќе телефонира во канцеларијата на подружницата со извештај за ситуацијата. Канцеларијата на подружницата ќе ги координира сите потребни мерки за помош од пошироки размери.

Ако се случи катастрофа во друго место: Спомнувајте ги браќата и сестрите во своите молитви (2. Кор. 1:8—11). Ако сакате да дадете парична помош, можете да ги испратите вашите донации до Заедницата која за таа цел има одвоено фонд за помош. Адресата е: П. ф. 800, 91 000 Скопје (Дела 2:44, 45; 1. Кор. 16:1—3; 2. Кор. 9:5—7; види Стражарска кула од 1 април 1986, стр. 21—23). Немојте да испраќате материјали или некакви залихи до местото на катастрофата ако тоа не е конкретно побарано од одговорните браќа. На тој начин ќе се осигура еден организиран напор за помош и исправно дистрибуирање на работите (1. Кор. 14:40). Ве молиме, немојте непотребно да телефонирате во Заедницата, затоа што тоа може да ги зафати телефонските линии кои се потребни за да се примат повиците кои доаѓаат од подрачјето на катастрофата.

Откако е направена правилна проценка, Заедницата ќе одреди дали треба да биде формиран одбор за помош. За тоа ќе бидат известени одговорните браќа. Сите треба да соработуваат со старешините кои преземаат водство со цел да бидат соодветно задоволени критичните потреби на сите браќа. (Види Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царство [англ.], стр. 310—315.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели