Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 6 јануари до 21 април 1997. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Гордоста може да стане препрека за да ги признаеме нашите лични грешки и да прифатиме совет [rs стр. 103, пас. 3]
2. Ниеден авторитет на Земјата не можел да ги прости гревовите сѐ додека Исус не умрел и не ја обезбедил откупнината. [Седмично читање на Библијата; види w 15.4.96, стр. 29.]
3. Во исполнување на Захарија 9:2—4, Тир бил комплетно уништен од Навуходоносор. [si стр. 169, пас. 4]
4. Крштавањето е гаранција за спасение. [uw стр. 100, пас. 12]
5. Бог не е виновен за „природните катастрофи“ кои биле претскажани за нашето време, исто како што не се виновни ни метеоролозите во врска со времето кое го прогнозираат. [rs стр. 287, пас. 1—3]
6. Со откупнината се покриваат сите гревови на несовршените луѓе. [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.95, стр. 29.]
7. Помеѓу „козите“, спомнати во Матеј 25:31—46 кои ќе претрпат вечно отсечување, ќе има активни членови на Големиот Вавилон и нивни религиозни водачи. [Седмично читање на Библијата; види w 15.10.95, стр. 26, пас. 13—15.]
8. Исусовите зборови запишани во Матеј 23:33 покажуваат дека книжевниците и фарисеите, како група, биле дел од семето на Змијата. [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.96, стр. 11, пас. 11.]
9. Проштевањето на другите го порамнува патот за Бог да ни ги прости и нашите гревови. [Седмично читање на Библијата; види w 15.9.94, стр. 7.]
10. Исусовото крштавање во смрт започнало 29 н. е., а завршило тогаш кога доброволно умрел и воскреснал. [uw стр. 97, пас. 6]
Одговори на следниве прашања:
11. Во која смисла Исусовото Царство нема да биде уништено? (Дан. 7:14). [uw стр. 86, пас. 15]
12. Кои две улоги, што ги исполнил Исус, се опишани во Захарија 6:12, 13, НС? [si стр. 172, пас. 25]
13. Што можеме како поединци да сториме наместо да ги критикуваме оние за кои мислиме дека би можеле да направат повеќе во службата за Царството? (Гал. 6:4) [uw стр. 93, пас. 13]
14. На кои начини луѓето имаат корист од Исусовата жртва во ова време? [kl стр. 68, 69, пас. 17—19]
15. Зошто Бог не му простил на Адам и едноставно не го заборавил неговиот грев? [rs стр. 285, пас. 6]
16. Во која смисла „пророкот Илија“ лично се појавил во првиот век, како исполнување на Малахија 4:5? [si стр. 174, пас. 15]
17. Како се проширил гревот кај сите луѓе? [kl стр. 58, пас. 13]
18. Каде во книгата Матеј го наоѓаме здравиот совет што го дал Исус за решавање на сериозни тешкотии? [Седмично читање на Библијата; види w 15.7.95, стр. 22.]
19. Што е ‚денарот‘ спомнат во Исусовата парабола запишана во Матеј 20:1—16? [Седмично читање на Библијата; види gt 97, пас. 6.]
20. Наведи две работи кои биле докажани со тоа што Бог ја допуштил злобата. [kl стр. 77, 78, пас. 18—20]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секој од следниве изрази:
21. Првите три Евангелија честопати се наречени синоптични, што значи „․․․․․․․․“. [si стр. 175, пас. 3]
22. Ако некој тврди дека има Божји дух, а во својот живот не ги донесува ․․․․․․․․ на духот и не се држи одвоен од ․․․․․․․․ и неговите обичаи, неговото тврдење нема темел. [rs стр. 79, пас. 5 до стр. 80, пас. 1]
23. Мртвите на кои се укажува во Откровение 20:12 ќе бидат судени според нивните дела што ги направиле ․․․․․․․․ нивното воскресение. Ова ни помага да сфатиме дека нивното воскресение нема неизбежно да биде воскресение за ․․․․․․․․ (Јован 5:28, 29). [uw стр. 75, пас. 12]
24. Иако на Исус всушност не му било дадено личното име ․․․․․․․․, неговата улога како човек го исполнила ․․․․․․․․ на тоа име (Иса. 7:14; Мат. 1:22, 23). [Седмично читање на Библијата; види w 15.1.92, стр. 22.]
25. „Духот“ што заминува од луѓето при смртта е ․․․․․․․․ која потекнува од Бог (Псал. 145:4). [kl стр. 81, 82, пас. 5, 6]
Избери го точниот одговор во секој од следниве искази:
26. Постои доказ дека Матеј го напишал своето Евангелие на (хебрејски; арамејски; грчки) а подоцна го превел на (хебрејски; арамејски; грчки). [si стр. 176, пас. 6]
27. Поголемиот дел од (остатокот; 144.000) веќе се на небесата, а (остатокот; 144.000) кој сѐ уште е на Земјата го сочинува (Водечкото тело; класата на верниот и разумен роб). [uw стр. 80, пас. 7]
28. Проповедник 9:11 ни помага да сфатиме дека честопати на луѓето може да им биде нанесена штета или да страдаат поради (Ѓаволот; злобните луѓе; приликата, затоа што се на погрешно место во погрешно време). [rs стр. 283, пас. 3]
29. Крштавањето „во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ започнало во (29 н. е.; 33 н. е.; 36 н. е.) (Мат. 28:19). [uw стр. 98, пас. 9]
30. Исус станал Месија при неговото (раѓање; крштавање; воскресение), што се случило во година (2 пр. н. е.; 29 н. е.; 33 н. е.). [kl стр. 65, пас. 12]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави: Зах. 4:6; Мат. 4:8—10; Мат. 16:19; Јак. 1:13; 1. Јов. 5:19
31. Бог не е причината за бројните тешкотии што го измачуваат човештвото. [kl стр. 71, пас. 3]
32. Исусовите вистински следбеници одбиваат да бидат вклучени во политичките работи на овој свет. [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.96, стр. 12, пас. 9.]
33. Спознанието во врска со Божјето Царство го отворило патот кон небото за Евреите, Самарјаните и паганите. [Седмично читање на Библијата; види w 15.3.91, стр. 4.]
34. Противењето на нашето проповедничко дело ширум светот е надминато, ама не со човечки напор, туку со Јеховиното водство и заштита. [Седмично читање на Библијата; види w 15.8.94, стр. 17, пас. 4.]
35. Христијаните имаат добра причина да се држат одвоени од светот. [kl стр. 60, пас. 18]