Рубрика прашања
◼ Дали е прикладно да проучуваме или да се дружиме со исклучени лица?
Кога поединци се собираат за да ја проучуваат Библијата, тоа го прават со цел да научат повеќе за вистинското обожавање и за неговите благослови. Нивното собирање вклучува и взаемна размена на охрабрување со цел да се поттикнуваат кон „љубов и добри дела“ (Рим. 1:11, 12; Евр. 10:24, 25). Ова претставува дел од нашиот напор „да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера“ (Гал. 6:10). Да поканиме некој друг за да ја проучува Божјата Реч всушност е покана „заедно да го превознесуваме името Негово“ (Псал. 33:3).
Постојат правила кои го управуваат однесувањето на членовите на „Божјиот дом“ кон кои мораме сите да се придржуваме (1. Тим. 3:15). Исклучувањето на некој поединец, всушност, претставува негово протерување од „братството“, а членовите на собранието се насочени да ‚не се дружат со оној кој, наречувајќи се брат‘, е намерен престапник (1. Кор. 5:11). Понатаму, Павле прашал: „Какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? . . Што општо има меѓу светлината и темнината?“ (2. Кор. 6:14, 15). Затоа, со оглед на овој совет, не би било соодветно да водиме библиска студија со исклучено лице ниту, пак, да се дружиме со него.
Кои чекори може да ги преземе едно исклучено лице кон можно повторно примање? Она лице кое бара помош може да присуствува на состаноците кои се отворени за јавноста. Доколку дава доказ за вистинска желба да се стреми кон исправен правец, можеби старешините ќе мислат дека би било оправдано приватно да зборуваат со него, поттикнувајќи го од Божјата Реч на еден начин кој поправа, што би можело да го наведе да го напушти својот погрешен правец. Тоа не би се водело во облик на библиска студија; наместо тоа, ова би било едноставно давање опомена насочена кон негово духовно повторно приспособување. (Види Стражарска кула од 1.9.88, стр. 7—12.)