Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 5 јануари до 20 април 1998. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Во Дела 15:29, забелешката „Бидете здрави!“ била ветување во смисла ‚Ако се воздржувате од крв и блуд, ќе имате подобро здравје‘. [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.91 стр. 9, пас. 7, фусн.]
2. Длабоката грижа за духовната благосостојба на коринтските христијани го потстрекнала Павле да им го напише своето прво писмо додека бил во текот на неговото второ мисионерско патување [si стр. 210, пас. 3].
3. Кај Египќаните, на фараонот се гледало како на сама инкарнација на Хорус, божество со глава на сокол [w 15.1.96 стр. 24, пас. 1].
4. Зборот „симонија“, кој е изведен од настанот запишан во Дела 8:9—24, укажува на практиката на магични уметности. [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.90 стр. 13, пас. 8.]
5. Во Римјаните 8:6, 7 (NW) „тело“ укажува на нашата падната состојба како несовршени луѓе со наследени грешни склоности. [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.91 стр. 21, пас. 4.]
6. Во склад со Ефесјаните 5:33, тоа што жената има длабоко почитување кон својот сопруг не значи дека таа не може да ги изрази своите гледишта особено ако нешто ја вознемирува [kl стр. 144, пас. 12, 13].
7. Додека христијанинот во својот живот ги применува моралните и духовните мерила од Библијата, тој се исчистува преку Јеховината Реч, ‚се измива‘ од сите обичаи кои Јехова ги мрази (1. Кор. 6:9—11) [w 1.1.96 стр. 30, пас. 4].
8. Самиот апостол Павле ги крстил членовите од домаќинството на Стефанин, во Коринт [w 15.6.96 стр. 29, пас. 2].
9. Во Дела 20:20, изразот „од куќа до куќа“ укажува само на пастирски посети во домовите на соверниците бидејќи контекстот покажува дека Павле им се обратил на постарите мажи во собранието. [Седмично читање на Библијата; види w 15.1.91 стр. 11, пас. 5.]
10. Ако го вежбаме своето срце да ги цени духовните работи, молејќи за Божјиот дух да ни помогне во тоа, тогаш ќе ги избегнуваме „склоностите на телото“ (Рим. 8:6, 7). [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.91 стр. 21, пас. 5.]
Одговори на следниве прашања:
11. Кој извештај од книгата Дела покажува дека само да се има пристап до Речта Божја и лично да се чита не е доволно за да се стекне точно спознание кое доведува на патот на животот? [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.91 стр. 19, пас. 16.]
12. Што е наведено со фактот што Павле напишал: „Постојните власти се поставени од Бог во нивните релативни положби“? (Рим. 13:1, NW) [kl стр. 131, пас. 7].
13. Во Дела 11:26, зошто New World Translation го користи изразот ‚беа наречени христијани со божествено провидение‘ додека други библиски преводи не ја вклучуваат идејата за „божествено провидение“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.90 стр. 15, пас. 19.]
14. Што ќе ѝ помогне на една христијанска сопруга да има длабоко почитување кон својот сопруг? (Ефеш. 5:33, NW) [w 1.3.96 стр. 21, пас. 5].
15. На каков вид лична студија е охрабрено во Дела 17:11? [si стр. 204, пас. 38].
16. Во своето писмо до христијаните во Рим, што цврсто утврдил Павле во врска со Евреите и не-Евреите? [si стр. 206, пас. 2].
17. Според Римјаните 12:2, до кој обем се менува личноста на христијаните преку моќта на Божјата Реч? [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.90 стр. 8, пас. 3.]
18. Која е „светата тајна“ (NW) која ја спомнал Павле во Римјаните 11:25? [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.8.83 стр. 16, пас. 16.]
19. Зошто христијанското собрание има право кога ги исклучува непокајничките престапници? (1. Кор. 5:11, 13). [Седмично читање на Библијата; види g 8.12.96 стр. 13, пас. 2, 3.]
20. Како натрупувањето вжарен јаглен врз главата на некој непријател ќе помогне во победувањето на злото? (Рим. 12:20, 21, NW). [Седмично читање на Библијата; види g-E 22.1.86 стр. 6, пас. 5.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Филип му објаснил на етиопскиот евнух како се исполнило пророштвото од ․․․․․․․․ и тој, откако бил просветлен, понизно замолил да се ․․․․․․․․ (Дела 8:28—35) [si стр. 204, пас. 33].
22. Кога се дебатирало околу прашањето за ․․․․․․․․, својата одлука ја поткрепил ․․․․․․․․ велејќи: „Со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано“ (Дела 15:15—18). [Седмично читање на Библијата; види si стр. 204, пас. 33.]
23. Особината ․․․․․․․․ ни овозможува да ‚се сметаме еден друг за погорен од себеси‘, додека ․․․․․․․․ нѐ чува да бидеме ‚незлобиви [да се воздржуваме во лоши околности, NW]‘ (Фил. 2:3; 2. Тим. 2:24, 25) [w 15.5.96 стр. 21, пас. 5].
24. Според Павловата илустрација за симболичното маслиново дрво во Римјаните, поглавје 11, како што 12-те племиња на Израел потекнувале од Авраам преку Исак, така и 12-те симболични племиња на ․․․․․․․․ потекнуваат од ․․․․․․․․ преку ․․․․․․․․. [Седмично читање на Библијата; види w 1.12.83 стр. 19, пас. 15.]
25. Како што Јехова ги оддржувал Израелците кои логорувале во пустината ․․․․․․․․, тој може да нѐ оддржува и нас во овој ․․․․․․․․ [w 15.8.96 стр. 7, пас. 1, 2].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Со својот говор во Дела, поглавје 17, Павле тактично ја утврдил (сувереноста; праведноста; љубовта) на живиот Бог. [Седмично читање на Библијата; види si стр. 204, пас. 37.]
27. (Павле; Петар; Лука) срдечно ги пофалил луѓето од (Берија; Македонија; Ерусалим) поради нивната марливост во испитувањето на Писмото (Дела 17:11). [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.95 стр. 14, пас. 3.]
28. Лагата или невистинитоста, спомната во Римјаните 1:25, укажува на (идолопоклонство; нечисти сексуални практики; практиката лажење). [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.91 стр. 6, пас. 6.]
29. Всушност, кога работите ќе тргнат наопаку, честопати (луѓето; Бог и Христос; Сатана и демоните) се тие што се виновни [w 1.9.96 стр. 5, пас. 3].
30. Павле им го напишал своето прво писмо на коринтјаните додека бил во (Рим; Ефес; Коринт) во (52; 55; 56) година н. е. [si стр. 210, пас. 3].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Псал. 72:28; Иса. 65:13; Дела 10:34, 35; 2. Кор. 4:18; 2. Кор. 12:7—9
31. Како Јеховини слуги, на сите етнички групи треба да гледаме како што гледа тој. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.88 стр. 28, пас. 6.]
32. Треба да гледаме зад нашите моментални околности, држејќи ги очите вперени кон среќниот исход на христијанскиот пат [w 15.2.96 стр. 27, пас. 3, 4].
33. Оние кои му се приближуваат на Јехова, уживаат вистинска среќа и душевен мир [kl стр. 151, пас. 3].
34. Низ историјата, Јехова ја делел духовната храна на својот народ како на група [kl стр. 162, пас. 6].
35. Јехова може да дозволи некоја испитувачка ситуација да потрае извесно време, но тој ги услишува молитвите и знае кога е најдоброто време за тоа [kl стр. 156, пас. 15].