Известувања
◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави рај, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата! и Се грижи ли Бог навистина за нас? Каде што е прикладно, може да се понудат брошурите: Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Спознание кое води до вечен живот. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Спознание кое води до вечен живот.
◼ На секое собрание му е испратена соодветна резерва формулари за употреба во текот на 1999 службена година. Ве молиме, внимателно користете ги овие формулари. Тие треба да се користат само за одредената намена.
◼ Секое собрание ќе добие три формулари за Инвентура на литература (S(d)-18). Собранискиот секретар треба на почетокот на август да се состане со слугата за литература и да одреди датум за попис на собраниската резерва на литература на крајот од месецот. Треба да ја изброи целата литература што ја има во резерва. Вкупниот износ треба да се внесе во формуларот за Инвентура на литература. Вкупниот број списанија кои се на располагање може да се добие од слугата за списанија. Ве молиме, испратете го оригиналот до Заедницата не подоцна од 6 септември. Задржете ја копијата за вашата архива. Третиот примерок може да се користи како работен лист. Инвентурата треба да ја надгледува секретарот, а пополнетиот формулар треба да го провери претседавачкиот надгледник. Секретарот и претседавачкиот надгледник ќе го потпишат формуларот.
◼ Службениот одбор на собранието треба веднаш да им посвети внимание на сите молби за општа пионерска служба. Службениот одбор не треба да задржува некоја молба за да види дали оној што ја поднесува може да ги исполни бараните часови. Датумот на наименување може автоматски да се промени на молбите што се добиени после бараниот датум. Не се прават наименувања отпосле, освен ако нема некои значителни олеснителни околности. Ако постојат такви околности, покрај молбата треба да се приложи и писмо. (Види го додатокот од Наша служба за Царството од септември 1986, пасуси 24—26.)
◼ Откако ќе се заврши книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, на Собраниската студија на книга ќе се разгледува серија брошури. Едно известување од изданието на Наша служба за Царството од мај 1998 гласеше дека со почеток од 21 септември ќе се користи брошурата Бара. После неа ќе следи разгледување на Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Се грижи ли Бог навистина за нас?