Надгледници кои преземаат водство — надгледник за служба
1 Надгледникот за служба е длабоко заинтересиран за сето она што е поврзано со напредокот на евангелизаторското дело во подрачјето доделено на собранието. Значи, тој игра многу важна улога во помагањето да ја исполниме нашата одговорност да ја проповедаме добрата вест. Како ревносен евангелизатор, тој предводи во организирањето на сето она што е поврзано со службата. Како способен учител, тој им помага на поединечни објавители да ја подобрат својата делотворност во службата (Ефеш. 4:11, 12).
2 Овој старешина директно го надгледува делото на слугите помошници кои се задолжени за литература, списанија и подрачја. Тој е одговорен да се погрижи секој месец да има на располагање обилна резерва на литература, списанија и службени формулари за наша употреба. Еднаш годишно тој ја разгледува архивата на подрачјата за сите адреси на оние домови за кои било препорачано да не се посетат и задолжува квалификувани браќа да ги посетат тие домови.
3 Надгледникот за служба е одговорен да надгледува различни гранки на проповедањето, вклучувајќи сведочење на деловно подрачје, на улица и по телефон. Спремен е да организира практични подготовки за состаноци за служба во текот на седмицата, вклучувајќи ги и празниците. Покажува вистински интерес за активноста на библиските студии. Бара начини да им пружи духовна помош на оние кои станале нередовни или неактивни во службата. Живо е заинтересиран за делото на пионерите и ја надгледува програмата Пионерите им помагаат на другите.
4 Како член на собранискиот Службен одбор, надгледникот за служба предлага потребни преиначувања во групите за Собраниска студија на книга. Кога ќе ја посети твојата група, погрижи се да бидеш присутен и да учествуваш со него во службата на теренот.
5 Сите во собранието треба спремно да соработуваат со водството што го дава надгледникот за служба. Тоа ќе ни помогне да ја зголемиме нашата ефикасност во делото на правење ученици и да најдеме поголема радост во службата.