Известувања
◼ Понуда на литература за ноември и декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која било книга од 192 страници, издадена пред 1985 која собранието можеби ја има на располагање. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ја нудат Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Тајната на семејната среќа.
◼ Во последниве години сѐ подостапни се приликите да се патува во странство. Како резултат на тоа, многу наши браќа направиле подготовки да посетат и други земји. Честопати, тие контактираат со канцелариите на подружницата на Заедницата и бараат информации. Канцелариите на подружницата се замолени да дадат адреси на Салите на Царството и времето на одржување на состаноците за да помогнат да се стапи во контакт со локалните собранија. Исто така, можат да дадат упатства за посетата на канцеларијата на подружницата. Меѓутоа, извештаите покажуваат дека некои додатно се распрашуваат за подготовки за патување, сместување, локални знаменитости и слични работи. Канцелариите на подружниците не се опремени ниту, пак, имаат време да даваат такви информации. Посетителите се охрабрени да се консултираат со такви извори како што се туристичките претставници или туристичките бироа, кои обично им даваат информации на туристите.
◼ Нови публикации на располагање:
Библијата — Реч Божја или човечка? — македонски