ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/98 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1998
Нашата служба за Царството 1998
km 12/98 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која било книга од 192 страници, издадена пред 1985 која собранието можеби ја има на располагање. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ја нудат Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Тајната на семејната среќа. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори за да се започнат домашни библиски студии.

◼ Со својата декемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези од Стражарска кула и Разбудете се! за 1998. Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, италијански, руски, француски и хрватски. Бидејќи количината ќе биде ограничена, ќе настојуваме да набавиме толкав број колку што ќе биде потребен на јазиците што ќе се побараат.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ја прегледа собраниската благајна на 1 декември или колку што е можно набрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување во собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.

◼ Меморијалот за 2000 ќе биде в среда, на 19 април, после зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за расположливи сали кога Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да имаат договор со управата осигурувајќи се дека нема да има пречки од некои други активности во зградата со цел одржувањето на Меморијалот да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини наместо само да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ќе се направи исклучок доколку има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот.

◼ Се прави подготовка наскоро да излезе брошурата со наслов Водството од Бог — нашиот пат кон Рај. Оваа брошура е наменета за потребите на протераните Муслимани кои живеат во средина каде што се чувствуваат слободни да ја проучуваат Библијата. Брошурата се подготвува на повеќе од 20 јазици. За сега може да се направи нарачка само за англиското издание. Ќе се даде известување за изданијата на други јазици штом ќе бидат достапни.

◼ Со цели пет викенди, јануари е добра прилика за многумина да бидат помошни пионери.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели